19 Мај, 2024
0.0288

СО ЉУПЧО ГЕОРГИЕВСКИ ПОТПИША ДЕЛКАРАЦИЈА ВО 1999: Објасни што треба да направи Скопје за да се надмине спорот

Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Перчењето на ВМРО нема да даде резултати, вели екс премиерот на Бугарија, Иван Костов. 

Тој ја коментираше сложеноста на дипломатските односи меѓу Скопје и Софија во интервју за бугарското Радио Дарик.

Според него, „земјите-членки на ЕУ се во можност да разберат дека проблемот е нивен бидејќи не можат да прифатат земја како членка со толку огромни дефицити“ и зависности наследени од комунистичкото минато во рамките на поранешна Југославија. 

Костов сугерираше дека Бугарија треба да инсистира на вклучување на преговарачко поглавје во кое ќе бидат напишани услови, без чие исполнување Северна Македонија нема да може да влезе во ЕУ. 

Вели дека ова би било поприфатливо за сегашните политичари во Скопје и би било гаранција дека секој што ќе дојде на власт ќе ги почитува. 

„Ова ни се случи – прво од нас беше замолено да реформираме, а потоа да бидеме прифатени. Ние исполнивме речиси сè, нешто не исполнивме и затоа сме мониторирани 13 години“, вели поранешниот премиер.

Според него, преговорите меѓу Македонија и бугарската влада треба да продолжат, но со променет фокус – преговори за патоказ со кој соседот ќе биде должен да ги исполни сите услови да стане членка на ЕУ.

Според Костов, почетокот на преговорите во декември треба да се одложи.

Костов е поканет да ја коментира темата, затоа што како премиер во 1999 година тој и неговиот колега Љупчо Георгиевски потпишаа заедничка декларација, со што се отвори реална можност за решавање на спорните проблеми и нормализирање на односите. 

Македонската страна не губи надеж дека во наредните 3 дена колку што останаа може да се постигне решение. 

За 7-8 прашања веќе имале согласност со бугарската страна. 

Од Софија сепак стигнуваат пораки за блокади.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека тоа не би било вето, туку одложување. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична