02 Мај, 2024
0.0380

Со комбиниран состав на тунир во Кина

Објавено во: Мои пари 09 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

На 12 јуни комбиниран состав, од седум млади македонски кошаркари  и четири aмерикански играчи, потенцијални кандидати за добивање на македонски пасош, патува на кошаркарски турнир во НР Кина, како дел од соработката меѓу кошаркарските федерации на двете земји. На турнирот, кој ќе трае до 24 јуни, ќе учествуваат уште седум екипи - домаќинот Кина, САД, Литванија, Јапонија, Иран, Белорусија и Нов Зеланд.

По неможноста во Кина да играме со најсилниот состав, поради повреди и заморот на стандардните репрезентативци, на силниот турнир ќе патува комбиниран тим.

Одењето за Кина е од голема важност за Федерацијата, кошаркарите и Стручниот Штаб, и претставува идеална можност за порано од предвидените активности да се одиграат натпревари против квалитетни и силни репрезентации. По одржаната средба со поголем дел од сениорските репрезенттивци, на која дел од нив се пожалија на повреди кои нема да бидат санирани до почетокот на турнејата во Кина, и заморот кај голем дел од нив поради напорната сезона, во Кина ќе заминат 7 потенцијални и млади репрезентативци ( Младеновски, Мекиќ, Сапунџиев, Стаиќ, Пајиќ, Главчев и Дујковиќ). Тимот ќе биде засилен и со четворицата Американци кои се во комбинација за добивање на македонски пасош и искусниот Ратко Варда, кој ќе биде од голема помош на селекторот во работата со нашите млади центри, на кои им фали искуство. Варда самиот се понуди на селекторот и Федерацијата да помогне пред се во тренажниот процес со високите кошаркари, и да го пополни бројот на четири високи играчи во екипата. Со настапот на оваа комбинирана екипа ќе биде исполнета почетната цел на селекторот Драган Раца, да се даде поголема минутажа и шанса на младите кошаркари за докажување ( кои имаа скромна минутажа во своите екипи во домашното првенство), и се надеваме дека дел од нив ќе ги искористат силните натпревари и ќе се наметнат за место во А тимот во следниот Квалификациски циклус.

Соработката со Кинеската Кошаркарска Федерација е од големо значење за МКФ, особено поради фактот дека во 2019 година Кина ќе биде домаќин на Светското Првенство во кошарка, а во следните години голем број на активности ќе бидат спроведени, со цел промовирање на истото, истакнуваат од Македонската Кошаркарска Федерација.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година