Добивај вести на Viber
Министерството за финансии во Грција ја разгледува можноста да понуди даночни олеснувања за странците со високи примања, кои ќе се преселат да живеат во Грција, соопшти онлајн изданието на Катимерини.
Слични прописи во моментов функционираат во Велика Британија и Швајцарија, потсетува весникот.
Грчкото Министерство за финансии ја разгледува можноста да ги ослободи од данокот на доход сите странци кои ќе изберат да живеат во Грција и да ги тошат своите странски примања. Тие ќе се даночат само ако заработуваат пари во Грција, но и во тој случај се планира големината на стапката да биде фиксна.
Предлог-законот, во кој се наоѓаат голем број иницијативи за странските инвеститорите, се очекува да биде доставен во парламентот во декември.
Меѓу мерките за промовирање на странските инвестиции во земјата се забрзаното издавање на дозвола за престој, брзо разгледување на проектите за стратешки инвестиции, дополнителни олеснувања за купувачи на втор дом во Грција во вредност од над 300 илјади евра и други.
Весникот наведува дека мерките се дискутирани од грчкиот премиер Андонис Самарас со рускиот претседател Владимир Путин бидејќи Русите се меѓу главните купувачи на пазарот на апартмани за одмор од нашиот јужен сосед.