Снежна лавина уби повеќе војници во Индија
Објавено во: Свет 26 Јануари, 2017
Повеќе од 10 војници денеска загинаа во реонот на провинцијата Кашмир.
Во Индија се случиле два инциденти со лавина.
Во првиот инцидент 7 војници загинале, кога лавина се урнала врз нивната патрола која се движела во близината на „Контролата линија“ која е фактички граница меѓу Индија и Пакистан.
Во друг таков инцидент, 3 индиски војници загинале кога врз еден контролен пункт се урнала голема снежна маса. При тоа 7 војници се спасени, но се стравува дека под снегот би можело да има уште жртви.
Инцидентите со индиските војници се случиле во реонот на глечерот Сијачен.
Првинцијата Кашмир која се наоѓа под Хималаите, со децении е причина за политички недоразбирања и воени судири меѓу Индија и Пакистан.
По последниот таков судир, оваа провинција во која повеќето од населението се муслимани, е поделена меѓу овие две соседни земји, иако ниту Њу Делхи, а ниту Исламабад се среќни со тој факт.
Лавините не се реткост во кашмирскиот регион, па секоја година, жртви има меѓу индиските и пакистанските војници кои таму се стационирани.
Обилните снежни врнежи оваа зима, предизвикаа вистински хаос во поделената провинција, блокирајќи ги патиштата и железничките линии. Индиските власти јавуваат дека жртви на големиот снег има и меѓу цивилите, откако од паѓање на голема снежна маса, загинало едно четиричлено семејство.