19 Мај, 2024
0.0258

СМРТОНОСНА ЗИМА: Од Москва до Париз, Европа се подготвува за леден бран од Сибир кој ги однесе првите три жртви

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Речиси цела Европа е зафатена од ледениот бран од Сибир кој постепено се прошири на целиот континент, однесувајќи најмалку три живот, еден во Франција и два во Полска.

Овој студен бран од Сибир ја зафати Франција во неделата попладнето, каде што температурата се спушти на минус 10 Целзиусови степени, а ветерот го засилува чувството на студ како да е минус 18 степени, јавува службата Meteo France.

Триесет и петгодишен бездомник е најден мртов во неделата утрото во Валенс, на југоистокот од Франција, каде што живата во термометарот во текот на ноќта се спуштила на минус 3 степени. Првите информации наведуваат на заклучокот дека починал од студ, соопштија локалните власти.

Во Полска две лица замрзнале ноќта кон саботата. Во неделата температурата во текот на денот достигнала до минус 12 Целзиусови степени.

Екстремно никски температури се измерени и во Русија. Од државниот метеоролошки завод предупреди дека во периодот меѓу 23-ти и 28-ми февруари земјата ќе ја погодат „невообичаено ниски“ температури. Ноќта кон понеделникот во околината на Москва се очекуваат минус 24 Целзиусови степени, а во некои делови на централна Русија дури и до минус 35 степени. Во речиси цела Русија во следните три дена се очекуваат силни виулици.

Во југоисточна Европа, невообичаено студено време за овој период од годината се очекува во Романија, од минус 25 степени, како и во соседните балкански земји. Училиштата во Букурешт нема да работат во понеделникот и во вторникот, а слична ситуација е и во трите округа на југот од земјата, каде што се очекуваат големи количества снег.

Во централна Европа, во Австрија и во Унгарија, но и во Велика Британија, Италија и Шпанија, каде што властите го повикаа населението да се подготви за доаѓањето на метеоролошкиот феномен познат како „Москва – Париз“, фронт од извонредно студен воздух кој продира од Сибир.

Студениот сибирски ветар, ја замрзна и Италија, особено нејзиниот северен дел. Властите предупредија на големо намалување на температурите и обилни снежни врнежи. Во Рим, каде што постои страв од голем пад на температурите и мразови, детските градинки и училиштата на сите нивоа ќе останат затворени. Во Венеција силните ветрови предизвикаа затворање на мост на пристап кон градот, а во Трст налетите на ветрот достигнале брзина до 130 километри на час.

Нов рекорд за оваа зима со минус 27 Целзиусови степени беше измерен на врвот Цугшпиц на Алпите во Германија, соопшти денеска германската метеоролошка служба.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто