СМРТНОСТ И ВОВЕДУВАЊЕ НА КАРАНТИН: Шведска даде одговор дали овие два фактори се поврзани
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Јули, 2020
Малку докази ја поврзуваат смртноста со не воведувањето карантин, тврдат во Шведска.
Одлуката на државата да ги остави училиштата отворени за време на пандемијата на коронавирус не резултираше со поголема стапка на заразата меѓу учениците, туку во соседна Финска, каде што училиштата беа привремено затворени. Ова стои во заедничкиот извештај на нивните агенции за јавно здравје.
Шведска одлучи дека нема да наметне строги мерки за затворање така што поголем дел од училиштата и компаниите работат цело време откако изби епидемијата. Нејзината стратегија беше поинаква од онаа на другите земји во Европа.
Шведската агенција за јавно здравје тврдеше дека негативните последици од затворањето на економијата и општеството ќе ја надминат користа и дека тоа се однесува и на училиштата.
Извештајот покажува дека во периодот од 24 февруари до 14 мај се забележани 1.124 потврдени случаи на коронавирусот меѓу децата во Шведска, околу 0,05 отсто од вкупниот број деца на возраст од 1 до 19 години.
Шведска има 76,492 заразени и над 5.500 починати.
Финска имала 584 случаи во истиот период, што е исто така околу 0,05 отсто.