19 Мај, 2024
0.0283

Словачко село објави референдум против прифаќањето на мигранти

Објавено во: Свет 03 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Жителите на словачкото село Габчиково вчера преку референдум се изјаснија против прифаќањето на 500 мигранти, кои треба да пристигнат кај нив од Австрија со договор меѓу Братислава и Виена, соопшти Франс прес.

Околу 97% од гласачите одговориле позитивно на прашањето "Дали сте против воспоставувањето на привремен камп за мигранти во зградата на Словачкиот технички универзитет?", изјавил претседателот на изборната комисија Теодор Бодо.

Во референдумот учествуваа 2600 од 4300 возрасни жители на Габчиково и само 102 од нив се изјасниле за прифаќање на мигрантите, прецизира тој. Локалните власти организираа референдум по петиција потпишана од 3150 жители на селото.

Словачкиот министер за внатрешни работи предупреди дека резултатот од анкетата не е задолжителен за него. "Локалниот референдум има задолжителна сила за општината, но МВР, во својство на државна институција, не е обврзана да го почитува резултатот", изјавила портпаролката на министерството Микаела Пауленова.

Словачка е принудена да смести на своја територија 500 мигранти, кои поднеле барање за азил во Австрија, по силата на билатералниот договор склучен на 21 јули во Виена и наменет да го олесни миграциониот притисок врз соседната држава.

Спогодбата, која беше поздравена како "важен знак на солидарност од страна на Словачка" од австрискиот министер за внатрешни работи Јохана Микол-Лаинер, предвидува Словачка да ги преземе трошоците за сместувањето и исхраната на мигрантите, а Австрија - трошоците на персоналот.

Словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак истакна дека Братислава го прави овој гест од желба да "го плати долгот" кон соседна Австрија, која усвула бегалци во времето на железната завеса и беше поддржано пристапувањето на Братислава кон ЕУ и Шенген зоната.

"Веќе се е подготвено во Габчиково за пречекот на мигрантите од Австрија", увери портпаролот на словачкото МВР. Таа додаде дека се уште не е познат датумот на нивното пристигнување.

Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто