16 Мај, 2024
0.0319

Славески за Фактор: Случувањата со Турција не се добра вест за Македoнија

Објавено во: Економија 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Не е добра вест за Македонија ако држава која е во најзначајните трговски партнери има тешка криза, вели професрот Трајко Славески. Турција поминува низ страшен период и е пред рецесија, а турската лира само годинава изгуби 40 отсто од вредноста. Она што е пострашно е што од ден на ден банкротираат фирми во земјата, а турските компании го повлекуваат капиталот од страна. Славески вели дека на наше тло нема место за паника, ама вели дека ситуацијата со Турција не е наивна. Во изјава за Фактор тврди дека до тоа довеле повеќе фактори, а штета ќе трпи најверојатно и глобалната економија.

„Ова што се случува во Трција е резултат на политички и економски фактори во земјата. Прво политички тоа се должи на тоа што земјата тежнее кон авторитарно владеење, слаба независност на Централната банка. Претседателот има големо влијание, системот е претседателски. Централната банка требаше да почне со затегнување на политиката, а Ердоган тврди дека со високи камати ќе ја заузда инфлацијата, што не е точно. Неговиот зет од ќерка е министер што дополнително го зголемува притисокот. Ова е психологија и создава паника кај инвеститорите. Дополнително, проблемот се вжешти поради односите со САД и се создаде поголем проблем. Сепак никој не може дали оваа ситуација може да се префрли на другите пазари, иако се тврди дека најпогодени ќе бидат тие брзорастечките економии. Фактот што во Турција во последните десет години имаше бум, а сега земјата должи близу 300 милијарди долари, а има девизни резерви од само 70 милијарди е аларм. Падот на валутата ќе предизвика банкрот на многу фирми особено на тие што се извозно ориентирани. Е сега како ова ќе се одрази на Макеоднија? Секако не е добра вест кога на некој значаен трговски партнер не му оди добро, вели Славески.

Трговската размена меѓу Макеоднија и Турција надминува 400 милиони долари на годишно ниво.  

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС: Пазарите на обврзници ги чекаат априлските податоци за инфлацијата во САД