СКОПЈЕ СО ДУРИ 53 НОВОЗАБОЛЕНИ: Се држи ли вирусот под контрола
Објавено во: Македонија 23 Август, 2020
Денеска има вкупно 137 ново заразени пациенти, а дури 53 се од Скопје.
Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека главниот град се уште е со најголем број заболени, таму има и најмногу активни случаи. Иако извесен период имаше смирување, односно на дневно ниво се регистрираа по триесетина новозаболени, сега, или во последното деноноќие има 53 нови случаи. Вчера имаше 32 нови случаи.
Инаку бројот на заболени во метрополата досега изнесува 5.669, а активни се 861 случај.
По општини остануваат неколку критични - три се веќе со трицифрен број активни случаи. Или - во Чаир има 114 активни случаи, во Гази Баба – 107, а во Аеродром 103 луѓе се болни во моментов.