Скопје се движи кон 6.000 активни случаи на коронавирусот
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Ноември, 2020
Коронавирусот забрзано се шири во Скопје.
Бројот на активни случаи се приближува кон 6.000.
Според извештајот на Министерството за здравство, во главниот град има активни 5.880 случаи.
801 случај има во Тетово, во Прилеп 707, во Струмица 607, во Велес 577, во Куманово 564.
Од помалите градови Пехчево има 6, а Македонски Брод 12 активни случаи.
Во Крушево бројот на активни случаи се искачи на 20.