Скопје потонато во магла, УМХР најавува сонце
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2020
Главниот град ова утро се разбуди под магла. Прст пред око не се гледа во Скопје, а вие кои управувате моторни возила би било добро да внимавате со која брзина се движите низ скопските улици.
Најава за појава на утринска магла од УМХР најавија за во котлините а најавата за временската прогноза е сончево и умерено облачно.
Но дали по оваа утринска магла ќе успееме да го видиме сонцето останува под знак прашалник.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачат до максимални десет степени Целзиусови на одредени места додека во Скопје максималната ќе биде пет степени.
Претежно сончево време УМХР очекува и во следните три дена со појави на утринска магла а температурите ќе бидат во раст од 2 степени.