17 Мај, 2024
0.0282

Skopje City Walk – Првиот водич за пешачки рути низ главниот град

Објавено во: Мои пари 22 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Ова лето од холанѓанките Сане ван ден Хеувел и Линда Порт е објавен првиот водич за пешачки рути низ Скопје. Овој водич на англиски јазик нуди две прошетки низ градот, едната низ старата чаршија а другата низ центарот на градот. Skopje City Walk содржи и мапа на која се забележани двете рути како и многу други корисни информации. Според авторките на водичот, Скопје е град кој заслужува да има ваков туристички водич, како и повеќето европски градови. -Во Холандија скоро секој град има своја пешачка рута. Со таква брошура можеш на евтин и лесен начин сам да откриеш еден град. Во Скопје тоа до сега го немаше. За нас кои живееме во Скопје тоа и не е проблем, но за туристите е многу потребно и корисно. Особено затоа што градот нуди толку многу новости во рамките на проектот Скопје 2014. Затоа ја започнавме оваа иницијатива – велат тие. Skopje City Walk чини 200 денари и може да се купи во Музејот на македонската револуционерна борба и во книжарницата Култура. Наскоро бројот на продажни места ќе се зголеми, а заинтересираните ќе можат да ја погледнат и дигиталната верзија на англиски и холандски јазик. Доколку постои интерес, водичот ќе биде преведен и издаден и на други јазици.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак