Добивај вести на Viber
Омилено место на луѓето за криење на пари и накит е фиоката со чорапи. Ова крадците добро го знаат, но повеќето сопственици на станови немаат имагинација и секогаш ги кријат вредите работи во фиока или под креветот.
Над 50 проценти од луѓето признаваат дека имаат вредни предмети на "тајни" места на кои е многу веројатно крадците веднаш ќе ги најдат при упад во нивниот дом.
Омилено "скришно" место на 13 отсто од испитаниците е фиоката со чорапи. По девет проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека вредните нешта им стојат во преградите на гардероба и под креветот.
Кога пак станува збор за кражбите, само 40 проценти од жртвите на грабеж ставаат аларм, додека една третина по грабежот си набавиле посебни брави за врати и прозорци. Петнаесет проценти земале куче, верувајќи дека тоа ќе биде сигурен чувар.
„Треба да покажеме повеќе имагинација во обидите да го одбраниме вредности“, вели сопственикот на осигурителна компанија Герет Лејн.