17 Мај, 2024
0.0358

Сириската опозиција ќе учествува на преговорите во Женева

Објавено во: Свет 07 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Сириската опозиција се согласи да учествува во мировните преговори под покровителство на ОН, закажани за оваа недела.

Ова го изјави за АФП претставник на Врховниот комитет за преговори, во кој се собрани некои од главните политички и вооружени групи, против владеењето  на претседателот Башар Асад.

„По консултации Врховниот комитет за преговори се согласи да присуствува во Женева. Делегацијата ќе пристигне во петок“, изјави портпаролот на комитетот Ријад Насан Агха.

Продолжението на преговорите во Женева, организирани од претставникот на ОН во Сирија Стефан Де Мистура, беше предвидено од самиот него за 9 март.

Претходно оваа година преговорите во кои сириската власт и бунтовниците требаше да постигнат траен мир и почеток на политичката транзиција во блискоисточната земја, беа привремено прекинати.

Условот за продолжувањето беше постигнување на прекин на огнот меѓу двете земји, ослободување на затвореници и обезбедување на пристап на хуманитарна помош до окупирани населби.

На крајот на минатата недела шефот на Врховниот комитет Ријад Хиджаб изјави дека опозицијата се уште не донела категорично решение за учеството на понатамошни мировни преговори, бидејќи владините сили кои ги поддржува руска борбена авијација нападнале бунтовнички позиции по 27 февруари.

Хиджаб сепак беше на мислење дека сеопфатна проценка на ситуацијата претстои. Таква очигледно веќе е направена и опозицијата ќе биде претставена во Женева.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра