18 Јуни, 2024
0.0320

Сиријците масовно се враќаат од Турција во родните места

Објавено во: Свет 09 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Сириски државјани во групи се враќаат од Турција во родните места, откако  се гарантира безбедноста во сирискиот град Џараблус.

Турските власти го отворија граничниот премин во провинцијата Газиантеп. Се работи за граничниот премин „Каркамаш" во реонот на провинцијата Газиантеп, кон кој масовно се собраа сириски граѓани - жени, деца, мажи.

Граничниот премин беше затворен пред околу две години, откако илјадници Сиријци преминаа на турска земја во потрага по спас од теророт. Две години подоцна почна спротивното, враќање кон Сирија.

Според турските власти по првата група од 327 лица вчера се врати уште една група од 120 Сиријци. Враќањето е под надзор на турските власти. Регистрацијата се врши на мобилни миграциски клупи, создадени на граничниот премин „Каркамаш". Денеска се очекува уште околу 200 Сиријци да поминат на сириска територија.

Во исто време Турција работи на реконструкција на електричната енергија во градот Џараблус, прекината за време на борбите. Целта е да се врати нормалниот живот на стотиците сириски граѓани кои се враќаат по своите родни места, откако градот беше исчистен од терористите.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ СЕ ТРИ ПЛАЖИ ВО ШПАНИЈА: Ајкули ги исплашија туристите

КИЛИЈАН МБАПЕ: Младите да не дозволат екстремната десница да дојде на власт во Франција

КИЛИЈАН МБАПЕ: Младите да не дозволат екстремната десница да дојде на власт во Франција

ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција

ЕДЕН ЧОВЕК ПОЧИНА, НЕКОЛКУ СЕ ВО ТЕШКА СОСТОЈБА: Топлотен бран ги зафати Кипар, Грција и Турција

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

ЗЕЛЕНСКИ ГО ОТКРИ УСЛОВОТ ЗА ПРЕГОВОРИ: Јасно стави до знаење што сака од Русија

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

Ова се заклучоците од мировниот самит за Украина во Швајцарија: Изјавата ја потпишаа 80 земји

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

НОВО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО НА ЕП ВО ХАМБУРГ: Фатени моментите на беснеење, вооружен напаѓач се заканувал, па „паднал“ на улица - 18+

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

КРАЈ НА ДРАМАТА: Ликвидирани затвореници во руски затвор

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

ТРАМП ЈА ШОКИРА ЕВРОПА: Вети дека ќе ја прекине финансиската помош за Украина, а зошто е уште поголемиот шок!

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот

Оваа земја дава одмор од 5 недели, а просечната плата оди до 5.000 евра: Важи за една од најсреќните во светот