Силен земјотрес го стресе Крит при што испукаа ѕидовите на куќите
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2021
Грчкиот остров Крит денеска го погоди земјотрес со јачина од 4.8 степени, при што се оштетени стари куќи. Имало и неколку дополнителни потреси.
Предизвиката е материјална штета на постарите куќи, пишува весникот Катимерини. Потресот ги тресел прозорците и предизвикал пукнатини на ѕидовите од куќите во подрачјето Аркалохори. Претседателот на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас вели дека овој земјотрес не треба да предизвика посебна загриженост. Во овој дел на Грција скоро секој ден има земјотерси.
Денеска се тресеше и градот Петриња во Хрватска. Таму имаше два потреси.