Два пати се стресе Петриња, а земјотресите се почувствувани и во БиХ
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2021
Повторно се тресе градот Петриња во Хрватска.
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во близина на Сисак во 15 часот и 24 минути. Епицентарот бил на 12 километри југозападно од градот Сисак. Во 15:43 часот имало нов потрес. Тој бил со јачина од 4,3 степени по Рихтер. Двата земјотреси се почувствувани во Босна и Херцеговина. Во Петриња пред седум месеци имаше силен земјотрес, при што загинаа неколку луѓе. Овој регион цела година има послаби потреси.