12 Мај, 2024
0.0280

Што велат Тачи и Нишани за Голема Албанија?

Објавено во: Балкан 11 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Косово, Хашим Тачи и неговиот албански колега во заминување, Бујар Нишани, кој престојува во тридневна посета на Косово, велат дека Албанците никогаш не биле поединствени од колку сега, независно каде и да се - во Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Прешевската Долина или во дијаспората.

Според Тачи, како што јави дописникот на МИА, Албанците никогаш во историјата не биле поединствени од сега, со многу повеќе комункација и блискост, затоа што тие имаат заедничка евро-атлантска ориентација, каде и да живеат во регионот.

„Албанските политичари и партии во регионов, колку и да се различни треба да имаат идентична цел, а тоа е европска Албанија, европско Косово и европска Македонија. Афирмацијата на сите Албанци треба да биде во духот на мирот и стабилноста во регионов“ - изјави Тачи по средбата со Нишани на која му врачи „Орден на слободата“.

Тој вели дека за Голема Албанија во овој миг најмногу зборуваат белградските медиуми и фукционерите во Белград.

Според него, тоа не е ништо друго туку игра на Србија за да создаде паника и немири на Балканот. 

„Тоа го прават за да ги обвинат Албанците и да ја оправдаат сопствената деструктивност во Косово, Босна и целиот западен Балакан“ - рече Тачи.

Нишани пак вели  дека слободата е најнезаменлива димензија за еден народ. 

Можеби ќе ве интересира

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

„Пропушти час на училиште, за да оди на рингишпил“: исповед на братот на тешко повреденото девојче, пред три години го изгубиле таткото

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји