03 Мај, 2024
0.0247

Што се случува со Охрид?!-УНЕСКО загрижен за македонскиот бисер

Објавено во: Мои пари 16 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Специјлана комисија од експерти ќе истражува дали градбите на Плаошник и најавениот проект кај „Свети Наум“ може да го избришат Охрид од листата на Светското културно наследство. Она што природата го создала со милиони години, а човекот го направил во стотици генерации може со неколку нови големи објекти да биде избришано од списокот на Светското културно наследство што го изготвува Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации, УНЕСКО, пишува „Утрински весник“. Изградбата на објектите на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник и големиот проект на индискиот бизнисмен Субрата Рој кај „Свети Наум“ му се закануваат на Охрид да биде доведено во прашање неговото место на списокот на Светското културно наследство. УНЕСКО кон крајот на септември или во почетокот на октомври ќе испрати специјална комисија од повеќе експерти да провери, испита и документира што се случува во Охрид и околу езерото и колку тоа може да влијае врз статусот на регионот на светската листа. Во седиштето на УНЕСКО во Париз се сериозно загрижени поради она што се гради во Охрид и од најавите за големиот туристички комплекс до прочуениот манастир. - Загрижени сме за она што се случува во Охрид што може да ја намали вредноста поради која градот е ставен на листата на културното наследство на светот. Реагираме кога има големи проекти кои може да влијаат да се намали вредноста на местата - вели за „Утрински весник“, Петја Точарова, шефица на Одделението за Светското наследство во Европа и во Северна Америка во УНЕСКО.

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година