17 Мај, 2024
0.0340

ШТО ПРЕДЛАГА СКТМ: Владата да субвенционира, патниците да добијат ваучер за патување на една година

Објавено во: Економија 21 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Не сакаме да предизвикаме паника, туку бараме реално решение за туристичките агенции, бидејќи овој сектор е веќе во колапс, велат од Стопанската комора за турзам на Македонија. 

Според нив, сите патници кои уплатиле патување и не е реализирано поради моменталната пандемија од вирусот КОВИД-19, треба да добијат ваучер кој ќе е во времетрање од една година, а од Владата да го субвенционираат авионскиот превоз доколку бил вклучен во аранжманот.

„Како Комора сметаме дека најдоброто решение за сите нас, е туристичките агенции да издададат ваучер на сите корисници на услуги со кои имаме Договор и да го искористат во текот на 12 месеци. Она што нам ќе ни биде од особено значење, е Владата во кризните мерки да го вклучи и субвенционираните авионски билети во кои биле предвидени во аранжманите“ потенцираат од СКТМ.

Поддршка за ваквото решение тие го очекуваат од Владата. поточно од Министерство за економија и Министерство за финансии со кои усно е разговарано, но исто така е потребно разбирање од корисниците.

„Доколку не наидеме на разбирање од сите страни, дефинитивно сме приморани да ставиме клуч на врата. Препорачуваме до завршување на периодот на вонредната состојба и одлуките на Владата во услови на криза, корисниците на услуги да се воздржат од откажување на Договорите за патување и услуги кои треба да се реализираат во наредниот период, како и барања за исплата на побарувањата по основ на откажување. Веруваме во разбирањето на клиентите и мерките кои во интерес на сите нас да ги донесе Владата“ додаваат од СКТМ.

Во Стопанската Комора за Туризам на Македонија - СКТМ, членуваат правни субјекти од секторите туристички агенции и туроператори, хотелско-угосителски објекти, патничкиот превоз, туристички водичи и придружници, како и сектор на образовни институции и асоцијации од туризмот.

Можеби ќе ве интересира

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија