19 Декември, 2025
0.0664

Што побара Орбан од Вучиќ?

Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2023 17:17

Добивај вести на Viber

Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара од српскиот претседател Александар Вучиќ да ги врати во нивната земја косовските полицајци кои неодамна српските власти ги уапсија во централна Србија. 

Орбан денеска изјави дека го моли српскиот претседател да ја послуша препораката на Будимпешта и да ги врати уапсените косовски полицајци во нивната земја.

„Со почит те замолувам, драг Александар, добро да размислиш за тоа. Непријателите на Србија се желни да ѝ нанесат штета на Србија и ова е таква ситуација и случај што мислам дека би било добро да ја послушаш препораката на Унгарија да ги вратиш на Косово“, изјави Орбан во Суботица на средбата со највисоките претставници на Србија.

Косовските полицајци се во притвор во Краљево. Тамошното обвинителство ги сомничи за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и експлозивни материјали. Како што соопштија властите во Белград, полицајците се уапсени на 14 јуни на длабочина од повеќе од еден километар на територијата на Србија.

Косовските полицајци тврделе дека береле печурки во шума. 

И албанскиот премиер Еди Рама се закани дека ако Србија не ги пушти уапсените полицајци, ќе ги залади односите со Србија. 

Но, и косовските власти уапсија неколку Срби и Србија бара нивно ослободување.  Вучиќ изјави дека нема да разговора со косовскиот премиер Албин Курти додека не бидат ослободени уапсените Срби и  додека албанските градоначалници и косовските специјалците не се повлечат од северно Ксоово.

ЕУ вчера ги повика Вучиќ и Курти без предуслови да допатуваат на состанок во Брисел во четврток со цел да се сопрат тензиите и да се спречи непосакувана ескалација на состојбата.  Возачи на камиони со српски регистарски таблички не дозволуваат камиони со косовски таблички да минуваат на премините Јариње и Мердаре во Косово. Велат дека блокадата е одговор на одлуката на Приштина да го блокира влезот на стоки од Србија во Косово.

фото Фејсбук/ Александар Вучиќ

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен