Рама за косовските полицајци: Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу нас доколку Србија не ги пушти
Објавено во: Балкан 19 Јуни, 2023 20:44
Ако Белград не ги ослободи косовските полицајци, Албанија ќе ги залади односите со Србија, се закани албанскиот премиер Еди Рама.
Тој предупреди дека ќе има „заладување“ на билатералните односи со Србија доколку Белград не ги ослободи тројцата уапсени косовски полицајци. ТВ Кланкосова објави дека Рама изјавил дека Србија „киднапирала“ тројца косовски полицајци кои беа уапсени минатата недела кога влегле на територијата на централна Србија.
„И да ја минеле граничната линија не сториле никакво кривично дело. Ова ќе биде недела на враќање на мразот меѓу нас доколку Србија не ги пушти“, изјави албанскиот премиер.
Албанскиот премиер оцени дека ситуацијата на северот на Косово дополнително ќе се влоши доколку косовскиот премиер Албин Курти „истрае на барањата на сојузниците“ за деескалација.
„Од друга страна, ако нема деескалација, голем губитник ќе биде Косово – затоа што Србија можеби повторно нема да може да живее без изолација! Се плашам дека колку повеќе Албин инсистира да им се спротивстави на сојузниците, ситуацијата може да се влоши, враќајќи го КФОР повторно на работа“, рече Рама.
Инаку, во Косово последниве денови косовски полицајци истепаа две млади деца, момче и девојче, а имаше и апсења на Србин за напад на новинарска екипа. Односите меѓу Србија и Косово се затегнати.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




