Косовските специјалци тврделе дека береле печурки во централна Србија
Објавено во: Балкан 15 Јуни, 2023 17:24
Тројцата косовски специјалци кои вчера српските власти ги уапсија во централна Србија велат дека береле печурки.
„Не ни работи ГПС, беревме печурки…А на дурбин и двоглед не умееме да гледаме“, ваквото оправдување на специјалците денеска го објасни српскиот претседател Александар Вучиќ.
Вели дека Белград е подготвен да ги понуди сите снимки и докази од кои би било јасно дека тројцата косовски полицајци се уапсени длабоко на територијата на централна Србија, а не на територијата на Косово. Aлбанскиот премиер Еди Рама вели дека е целосно фокусиран на ослободувањето на косовските специјалци.
Косово тврдеше дека српските власти ги киднапирале полицајците, а сега бараат Србија да ги врати назад. ЕУ подготви санкции за Косово, затоа што не го почитува договореното со Србија, односно не формираше Заедница на српски општини.Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата




