19 Мај, 2024
0.0267

Што од Меркел чекаат германските бизнисмени?

Објавено во: Свет 23 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Победата на Меркел предизвика реакции меѓу бизнисмените. Тие очекуваат стабилизирање на економската ситуација, да нема зголемување на даноците, спречување на порастот на цените на струјата, подобрување на инфрастуктурата. За Марио Оховен, претседател на Сојузното здружение на стопанството на средниот сталеж, вели дека земјата се наоѓа пред огромни предизвици: еврото, енергетиката, даноците, стручна работна сил.„Ќе ја држиме госпоѓа Меркел за збор: веќе во 2014 година мора да има урамнотежен буџет. Средното стопанство - моторот за работни места - има неодложна потреба од растоварување од даноци и други давачки, со оглед на експлозивниот пораст на цените на енергијата. Црно-жолтата коалиција многу вети во 2009 година, но премалку од тоа реализира. Сега Сојузната канцеларка мора да го стори тоа“, пренесува Дојче Веле. „Партиите во предизборната борба премалку зборуваа за една насочена економска и индустриска политика“, забележува Улрих Грило, претседател на Здружението на германската индустрија. Не е доволно само да се зборува за прераспределба, благосостојбата мораме прво да ја заработиме.“ Михаел Хитер, директор на Институтот на германското стопанство од Келн, блиско до работодавачите, во однос на очекувањата вели: „Ако Унијата (ЦДУ/ЦСУ, н.з.) постигна апсолутно мнозинство, едно е јасно; ќе нема покачување на данокот. На сите им е јасно и дека мора да се преиспита концептот за енергетски пресврт, мора да се спречи натамошен пораст на цените на струјата. Би можело да биде воведена и патарина, а парите од неа да бидат целесообразно насочени кон подобрување на инфраструктурата.“ Антон Бернер, претседател на Здружението на извозниците, оцени дека не очекувал толку добар резултат на ЦДУ, што ѝ го припиша на Ангела Меркел. Тој нагласи дека има многу опции за формирање стабилна влада, што е „важно за Германија и за Европа, како и за финансиските пазари.“ Михаел Хајзе, главен економист на „Алијанц“, не очекува големи скокови на курсовите на берзите, „оти Унијата во предизборната кампања не се профилира како голем реформска сила на проблематичните полиња инвестициите, образованието и енергетскиот пресврт. За пазарите првенствено е важно да има брзо решение за формирање влада. Голема коалиција не е некаква застрашувачка слика. СПД докажа дека може да носи суштинска одговорност на стопански план, и тоа се хонорира и во странство“, се вели во текстот на Дојче Веле кој ги пренесе реакциите на германските економисти и аналитичари.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)