07 Мај, 2024
0.0269

ШТО МУ КАЖАА МАЛИТЕ ПАРТНЕРИ НА ЗАЕВ НА СРЕДБАТА - за амнестија на Диво насеље и Монструм не смее да стане збор

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Доцна вчеравечер заврши средбата меѓу премиерот Зоран Заев и неговите помали коалициони партнери во Владата. 

„На Македонија во овој момент не ѝ се потребни предвремени парламентарни избори и добро е што се зголемува парламентарното мнозинство за четири пратеници“, изјави по средбата претседателот на НСДП Тито Петковски.

Според него, на средбата се разговарало околу тоа што како коалиција треба да направат за земјата да не се втурне во предвремени избори.

Оваа средба следува откако беше договорен влезот на Алтернатива во Владата, а на неа претставниците на помалите политички партии од владината коалиција требаше да слушнат од премиерот Зоран Заев кои се сега владините приоритети.

Петковски смета дека Алтернатива го искористила моментот кога на Владата и треба помош и истапила со максималистички барања. Според него, не станува збор за зачувување на државните интереси, туку преферирање на партиските интереси за да се добие политички профит и функции, наместо на прво место да се евроинтеграциите.

„Ако гледате низ призма што се нуди со зголемувањето на парламентарното мнозинство и што бара Алтернатива, проценител ќе каже дека Алтернатива бара многу од СДСМ и коалицијата. Местата што ги бара Алтернатива досега биле покриени од други политички партии. Не станува збор за новоотворени места, туку за места кои ги имале СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА. Не се измислуваат нови работни места“, рече Петковски.

Тој додаде дека како партија не бараат ништо бидејќи најважно било да се зголеми парламентарното мнозинство и Владата да има сигурна поддршкка.

Мирослав Јовановиќ од Српската странка изјави дека преговорите ќе траат уште недела дена, а дека по изборот на новиот претседател на СДСМ на 12 декември, ќе седнат заедно со премиерот Заев да се договорат за останатите детали.

„Мислам дека идната недела околу 14-ти треба да се договориме за сите детали“, рече Јовановиќ.

Павле Трајанов, пак, лидерот на Демократски сојуз, по вчерашната средба во Владата, во гостување за Сител рече дека премиерот Зоран Заев ги собрал коалициските партнери на разговор околу кадровските решенија во новата влада и текот на разговорите со Алтернатива.

„Немаше некоја посебна расправа или развиена дебата. Премиерот зборуваше и за спорот со Бугарија“, рече Трајанов.

Според него, спорна е точката околу меѓународна истрага за некои судски процеси.

Ова не може да биде предмет на договор. Алтернатива бара некаква амнестија и тука не смее да стане збор. „Диво насеље“ е терористички акт, а „Монструм“ двапати се судеше, потенцира Трајанов.

Трајанов смета дека би дошло до нарушување на односите, поради тоа што би имало 3 потпретседатели на Владата и 7 министри од албанска националност.

„Владата не треба да биде фактор на дестабилизација. Повеќе министерства без ресор е несоодветен, вештачки потег. Се плашам за негативна рефлексија врз меѓуетничките односи“, вели Трајанов.

Пред средбата, пак, лидерката на ДОМ, Маја Морачанин, рече дека не сака да навлегува во шпекулации. 

„Очекувам вечерва да ни биде презентирано што се е дел од тој договор и што ќе бидат приоритетите, се разбира потоа се тоа ние внатре во партиските структури ќе го дискутираме и ќе ја донесеме финалната одлука“, вели Морачанин.

Прашана дали тоа значи дека е можно нејзината партија да донесе одлука и да излезе од мнозинството, Морачанин вели дека најважна е програмата на новата Влада, поточно дека нема да застрани од зелените политики кои се клучни за нејзината партија.

„Што ќе биде програмата на новата Влада, Тоа е клучното кога сте дел од Влада. Хипотетички, што ако има промени во оние политики што се важни за нас како зелена партија, обновливите извори на енергија, борбата со загадување. Не очекувам тоа да се случи но сакам да и објаснам на јавноста зошто е тоа многу важно. Затоа вечерва очекувам да го разговараме тој договор, да бидеме целосно информирани и да можеме и ние како коалициски партнери внатре во партиите да објасниме“, изјави Морачанин пред средбата. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта