17 Мај, 2024
0.0346

Што ќе донесе руско-европскиот спор за македонската трговија?

Објавено во: Економија 03 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Руско-европскиот спор е шанса за зголемување на извозот на македонските земјоделски производи на овие пазари, но ваквите случувања може да ја зголемат цената на дел од зеленчукот на домашниот пазар, укажуваат агробизнисмените. Евентуалните корекции на цените на свежиот зеленчук зависат од понудата на пазарот, велат агрбизнисмените. Причината е тоа што веќе завршува производството на дел од зеленчукот, се берат доцните производи, а голем дел сега ќе оди за извоз. - На пазарот, понудата и побарувачката ги диктираат цените. Факт е дека овие тубуленци ќе се одразат на пазарот. Има две причини зошто смета дека ќе има промени на пазарот, прво тоа е руско-европското ембарго, а второ последиците од поплавите што ги зафатија Србија и Босна и Херцеговина. Нормално е ако се намали понудата да има зголемување на цените, но кај нас можеби не во голема мера оти ние не сме големи потрошувачи. Кај преработките од зеленчук нема да има корекции на цените оти се работи за производи кои имаат поголеми рокови на трајност и имаме залихи. Но сметам дека ќе дојде до поскапување на дел од свежиот зеленчук, бидејќи се работи за производ кој не трае долго и сега големи количества ќе одат за извоз, вели Виктор Петков, директор на компанијата “Випро”. Македонските фирми може да профитираат, ако играат паметно Сепак според бизнисмените и експертите, македонските компании треба паметно да ги искористат случувањата на руските и европските пазари, да го зголемат извозот, да стекнат нови партнери и да профитираат. - За македонската економија не е важно каде ќе извезува, туку е битно извозот да се зголемува. Сегашните случувања се идеална можност за нас да го зголемиме извозот. Ние сме конкурентни, но во моментов хендикеп ни е тоа што немаме договор за слободна трговија со Русија. Сметам дека сега Владата треба да покрене иницијатива да ја убеди Русија да склучи со нас договор за слободна трговија и да ги симне царините. Бенефит од ваквите случувања ќе имаат и земјоделците и компаниите. Земјоделците треба да внимваат на квалитетот на производите, да ги пакуваат и стандардизираат, односно да ги привлечат руските увозници, да стекнат доверба кај нив, да се знае што е прва, втора а што трета класа на производ, вели агроекономистот Борис Анакиев. Во регионот единствена земја која има договор за слободна трговија со русија е Србија. Во обид да пласираат што поголем дел од производството на рускиот пазар, дел од македонските компании веќе правеле планови да отворатпогони во Србија за да можат полесно да извезуваат. Некои пак контактирале со своите српски пазари производите да ги извезуваат преку нив, без царина. Но, според проценките македонското производство на земјоделски производи нема капацитет комплетно да одговори на барањата на руските увозници. Компаниите од Русија се заинтересирани за македонскиот зеленчук, овошје, грозје, вино и кондиторски производи. Агробизнисмените велат дека во моментов делумно можат да одговорат на барањата на руските увозници. - Вакви можности ретко се случуваат и треба да се искористат. Но ние делумно ја искористиме оваа можност, бидејќи не заткна неподготвени, никој не можеше да предвиде дека ќе дојде до тоа да имаме толку голема побарувачка. Мислам дека во моментов ние имаме капацитет двојно да го зголемиме производство, но толку повеќе не можеме. Нашите капацитети за преработка на овошје и зеленчук работат со 50 до 60 отсто искористеност, ние можеме 100 процентно да ги искористиме повеќе не можеме, толку се фабриките. Треба да имаме постојано резерви за да можеме во вакви сотојби да влетуваме. Значи можеме да го дуплираме производството, но и тоа зависи од суровината, а производството на суровината од временските услови. Ако се добри тогаш имаме зголемени количини на суровина и зголемено производство на преработки од зеленчук. Сегашните дождови може да ги поремтат ваквите планови, оти лошо влијаат посебно на црвенат апиперка која е наша основна суровина, вели Петков. Но и покрај тоа што годинава ни се отвори шанса за поголем извоз, временските услови не се на страната на земјоделците, што претставува дополнителн проблем за исполнување на барањата за поголем извоз. Обилните дождови намалија родот на јаболката, грозјето, црвната пиперка. Големата побарувачка, потсети на потребата од планско производство На терен македонските бизнисмени веќе склучуваат договори со руските компании и тоа на подолгорочен период бидејќи побарувачката голема. Сегашните случувања се доказ дека на македонското земјоделство треба да има планско производство за да можеме и во вакви ситуации да одговориме на побарувањата, велат агробизнисмените. - Ова е голема шанса што не треба да ја пропуштиме, и треба да одговирме со квалитет и конкурентни цени. Моментално немаме капацитет да одговориме комлетно на барањата на руските компании. Но ако одиме со планско производство во голема мера ќе ги задоволиме нивните барања, бидејќи ние имаме огромни можности, но сега ова излезе инцидентно и неподготвени го доечкавме тоа. Значи ние треба да ја земеме формулата од Израел, прво да се договориме па потоа да се сади, а ние тука си се раководиме од нашите пазари и постоечкиот извоз, не очекувавем дека ова ќе се случи. Руските претставници што доаѓаат кај нас сега сакаат да направиме малку подолгорочни договори, односно да направиме планско производство, во кој период кои количини и кои производи да ги произведеме, и да бидеме подготвени. Во однос на цените, секој производ има своја цена.Нашата компанија има коректни цени, тие дојдоа го видоа произодот се согласија со цените и почнавме соработка.Значи тоа што се нуди, за тоа треба да се бара соодветна цена,која е коректна и реална за овој период. Ние веќе имаме договорено извоз, денеска тргна еден шлепер за ајварска пиперка за пазарите во Русија. Пред неколку дена извезувме корнишони за Германија и Словенија, вели Ѓорѓи Самандов , директор на “Еко-Оаза Самандов” од Штип.   Русија е седми трговски партнер на Македонија. Во првото полугодие од годинава македонско - руската трговска размена, изнесува 74,7 милиони долари, од кои 17,7 милиони долари отпаѓаат на извозот и а 57 милиони долари е увозот. Извозот на земјоделски и прехрамбени производи  учествува со 3,7 милиони долари. Меѓу најбараните производи се јаболката, праските, доматите , зелката. Освен земјоделски производи, Македонија во Русија извезува лекови, вино, градежни материјали, делови за автомобили, а најголем дел од увозот отпаѓа на енергенсите. На 7-ми минатиот месец Русија воведе ембарго за увоз на дел од земјоделските и прехрамбените производи од  Европската унија, САД, Канада, Норвешка и Австралија.  Но веднаш по објавувањето на санкциите, Русија склучи договори со Еквадор, Бразил, Чиле и Аргентина, земји кои Европската унија ги повика да не соработуваат со Русија. Засега до Македонија нема стигнато притисоци од ЕУ. Од друга страна рускиот претседател Владимир Путин му порача на Брисел дека земјите од унијата повеќе никогаш нема да се вратат на руските пазари. Колкави ќе бидат последиците од руско-европскиот спор допрва ќе се пресметува, ако се има во предвид дека Европската унија лани пласира на руските пазари производи во вредност од 11,8 милјарди евра. Според проценките на економските аналитичари, штети врз дел од светските економии ќе има. Први на удар ќе бидат земјоделците и бизнисмените од земјите кои се директно вклучени во санкциите. Но според прогнозите не се исклучува можноста ваквите случувања на среднорочно ниво да предизвикаат пореметувања на глобалниот пазар. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА