Што ја натера да ги пие апчињата - млада тиквешанка пренесена во болница
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020
Млада жена на 31 година од Кавадарци синоќа испила повеќе таблети, по што била пренесена во болница. Случајот за МИА го потврдиле од Министерството за внатрешни работи.
„Синоќа во 20.37 часот во СВР Велес е пријавено дека во Општа болница Кавадарци е донесено затруено женско лице, кое испило повеќе таблети. Полициски службеници од ОВР Кавадарци по извршени активности констатирале дека станува збор за 31-годишна жителка на тиквешко село, која се затрула со испивање на повеќе таблети во нејзиниот дом“, појасниле од МВР.
За случајот бил известен и јавен обвинител.
Засега нема информации што ја натерало младата жена да ги испие апчињата, и дали всушност на тој начин се обидела да си го одземе животот.