18 Мај, 2024
0.0416

ШТО Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА И КОГА СЕ ПРОГЛАСУВА - епидемијата е една од причините

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 16 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Србија, Косово, Словачка... Државите во нашето опкружување не размислуваат многу кога станува збор за превенција од коронавирусот, па побрзаа да прогласат вонредна состојба на своите територии.

Премиерот на Косово Албин Курти го одобри барањето на Министерството за здравство да прогласи вонредна состојба на цела територија на Косово. Преку одлука Курти објави дека сите институции на Владата треба да постапуваат во согласност со националниот план за одговор, а Министерството за здравство е одговорно за итно управување со јавното здравство. Во Словачка е прогласена вонредна состојба поради епидемијата, објави словачкиот премиер Петер Пелегрини. Владата во Братислава наложи од денеска затворање на сите продавници, освен оние за храна, аптеките, банките, бензиските станици и поштите. Најверојатно фабриката на Фолксваген ќе го прекине производството на автомобилски делови, или денеска, или во следните денови.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека во наредните три дена ќе се контролира движењето на граѓаните кои имаат над 65 години и доколку не се придржуваат до препораките, ќе се издаде наредба за нивно неизлегување од дома.

Вучиќ рече дека денешниот ден е најцрн ден за Европа после Втората светска војна, бидејќи само за едно деноноќие во Италија починале 365 лица, а во Шпанија 200.

Дали е  можно и во земјава да се проглси вонредна состојба, и како тоа би изгледало, ќе биде многу појсно по денешната седница на Советот за безбедност.

Еве што на оваа тема говори професорот Владо Бучковски од Правниот факултет.

На пресконференцијата што ја одржа во петокот, шефот на државата Стево Пендаровски најави дека во одредени подрачја или на цела територија на земјава е можно да се прогласи кризна ситуација. Многу брзо потоа, откако беа официјално потврдени четирите нови случи, на територијата на Дебар и Центар Жупа веќе во петокот се прогласи кризна состојба, со што беше спречено движење на граѓаните во општините, што значи дека тие не можат да ги напуштаат домовите, но забранет е и влез и излез во и од овие општини.

„Доколку се влоши ситуацијата ќе се прогласи кризна состојба во одредени подрачја или на цела територија, а притоа армијата да помогне. Ако затреба, ќе се прогласи и вонредна состојба. Во понеделник ќе се разговара за сите овие теми, но сепак Советот за безбедност ќе ја донесе одлуката како надлежен“, изјави во петокот Пендаровски.

Шефот на државата тогаш рече дека според него, во моментов нема потреба од вонредна состојба. Доколку дојде до тоа, Собранието повторно ќе се состане. Пендаровски објасни дека нема потреба да се воведе полициски час, па затоа побара од граѓаните поголема одговорност.

Во вакви услови се поставува прашањето - што е вонредна состојба? 

Еве ги одговорите, онака како што налагаат меѓународните правила. Извор е DCAF - Geneva Centre for Security Sector Governance.

Вонредната состојба произлегува од владин проглас даден како реакција на вонредна ситуација која претставува основна закана за земјата. Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на Владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права. 

И епидемијата е една од причините што се наведува како услов поради кој може да се прогласи вонредна состојба.

„Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија, финансиска или економска криза или генерален штрајк“, стои во дефиницијата. 

Вонредните состојби имаат две компоненти: законска рамка која се состои од уставна и законодава основа за вонредната состојба, и оператива рамка која вклучува организациона структура и стратешки планови за справување со вонредната состојба. И покрај тоа што се одвоени, овие компоненти мора да се компатибилни, со други зборови, законската рамка мора да ги земе предвид оперативните барања, а оперативните барања мора да ја почитуваат законската рамка, вклучувајќи го и меѓународното право. 

Инаку, епидемија се смета кога заразата се шири во рамки на една држава, додека пандемија е кога е раширена во најмалку три континенти.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување