17 Мај, 2024
0.2334

Шпаркастично патување, ексклузивен настан на Шпаркасе Банка Македонија

Објавено во: Мои пари 15 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија  по повод свеченото отворање на фестивалот „Пивофест“, во соработка со Македонски Железници Транспорт АД, организираше ексклузивно патување со воз на релација Скопје – Прилеп – Скопје. На „Шпаркастичното патување“ присуствуваа бројни гости, соработници и вработени во Шпаркасе Банка Македонија, а посебен вагон беше резервиран и за #smladi – корисниците на Пакетот за млади, чиешто присуство го направи ова патување уште поинтересно.

2

„Шпаркастичното патување“ што започна со поаѓањето на возот кон Прилеп, претставуваше несекојдневен настан за сите поканети. Како дел од посетата на Прилеп, клиентите и соработниците присуствуваа на свеченото отворање на експозитурата на Шпаркасе Банка, на нова локација во градот. На овој настан  Банката го промовираше новиот и модерен изглед во кој се обновуваат експозитурите, со внатрешно уредување и надворешно брендирање согласно со стандардите на Шпаркасе и Ерсте Групацијата. Воедно претставниците од Банката го промовираа концептот за опслужување на клиентите, овозможувајќи им целосна понуда на банкарски производи и услуги на едно место, вклучувајќи и понуда за осигурување и лизинг преку своите партнери и соработници С-Лизинг, Винер Осигурување и Винер Лајф.

3

Како дел од „Шпаркастичното патување“, за сите гости и соработници беше  организирана посета на фестивалот „Пивофест“ каде што на штандот на Прилепска Пиварница гостите уживаа во  добрата атмосфера. На полноќ заврши „Шпаркастичното патување“ со враќање со возот до Скопје.

4

Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.

Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.300 вработени и преку 230 експозитури и регионални центри опслужува речиси 700.000 клиенти.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени