19 Мај, 2024
0.0327

Шилегов: Имам идеја за „Мементо парк“ во Ѓорче Петров за спомениците од Скопје 2014

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2020

Добивај вести на Viber


Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, денеска на прес-конференцијата меѓудругото рече дека последната идеја е скулптурите и спомениците кои во рамки на Скопје 2014 беа донација на контроверзното „Здружение за духовно обединување на Сетинци – Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија – Скопје”.да завршат на расчистената депонија во Ѓорче Петров.

Ваквиот потег,, вели би бил по примерот на познатиот Мементо парк во Будимпешта,  кој е музеј под отворено небо каде што на почетокот од 90-тите години беа префрлени сите монументални статуи од комунистичкиот период на Унгарија (1949–1989), меѓу кои и оние на Ленин, Маркс, Енгелс, како и на неколку од унгарските комунистички водачи. 

Во меѓувреме работната група за справување со последиците од т.н. проект „Скопје 2014“, која ја координира архитект Мирослав Грчев, упати допис по повод јавната анкета за ДУП „Мал ринг“ на Општина Центар во кој бара да бидат обележани и дислоцирани сите незаконски подигнати споменици, како и да биде вратен стариот лик на фасадите во тој дел од градот. Работната група утврдила дека при одлучувањето, финансирањето, изработувањето и подигањето на спомениците и другите артефакти, во сите случаи, без исклучок, биле прекршени предвидените законски процедури.

- Депонијата во Ѓорче Петров е веќе расчистена. Идејата е по примерот на Мементо парк. Сите статуи на Сталин и од комунизмот Унгарците  ги имаат ставено таму па и ние тоа да го направиме со оставштината од нашиот мал диктатор. Донациите од здружението „Попадинци“, не биле платени кога се подарувале и затоа треба да се дислоцираат, рече Шилегов пред медиумите.

Град Скопје во соработка со Oпштина Ѓорче Петров оваа година со механизација ја расчисти дивата депонија во Ново Село.покрај реката Лепенец, каде што со децении се одложуваше отпад. 




Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична