19 Мај, 2024
0.0326

(ФОТО) Шилегов до највисокото дрво од 7,4 метри: Депонијата во Аеродром станала парк

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Во новиот парк во Мичурин во Аеродром, се засадија 520 нови листопадни и зимзелни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.


- Оваа локација беше повеќедецениска дива депонија, од која годинава расчистивме 15.000 кубни метри отпад и подигнавме нова јавна површина на повеќе од 6.000 метри квадратни, која ја поделивме на прекрасен нов парк со детско игралиште и паркинг простор кој ќе го стопанисува ЈП Градски паркинг со што ќе се надмине проблемот со паркирањето на околните згради. Сега овој простор го раззеленуваме со нови дрвореди од 520 висококвалитетни дрвја. Отворањето на нови квалитетни јавни простори и облагодарување на животната средина е мој императив и овде покажуваме како еден сериозно девастиран простор станува пристојно место за уживање на граѓаните  – рече градоначалникот Петре Шилегов на прес конференцијата.


Тој истакна дека продолжува засилениот инспекциски надзор со цел да се спречи повторното создавање на диви депонии на истите места каде што биле претходно и секое несовесно однесување со отпадот ќе биде санкционирано со цел да создадеме здрави навики и да живееме во чиста и здрава животна средина.

Во овој парк засадено е и највисокото дрво за оваа сезона кое е високо 7,4 метри, а за многу кратко време дрвјата кои се засадени во овој парк ќе формираат широки крошни. Наскоро паркот ќе добие и соодветно осветлување и нови рекреативни содржини.


Град Скопје согласно новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди составени од квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.


На засадувањето на садниците во паркот во Мичурин присуствуваа и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, директорот на ЈП„ паркови и зеленило“ Ардијан Муча и советничката во Советот на Град Скопје, Михаела Иванова. 


Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична