26 Април, 2024
0.0273

Shell се шири во регионот

Објавено во: Економија 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Купување компанија во Хрватска, отворање компании во сите земји во регионот, со присуство во Србија и најава за Северна Македонија. Ова е дел од стратегијата на Корал, компанија која работи под закрила на Шел. Корал со моменталните 700 бензински станици е лидер во Грција.

Успехот на компанијата во Грција, доведе до добивање лиценца за брендот Шел во Кипар, Србија, Хрватска и Северна Македонија. Корал е лидер во големопродажбата, малопродажбата и во широката понуда производи за купувачи во индустријата, превозниците и трговијата.

Матичната компанија на Корал, Мотороил пак, ги има трите главни бренда во нафтената индустрија во оваа земја: Shell, Avin и Cyclon. Со тоа зад себе има 1400 бензински станици.

Големи шпекулации околу влегувањето на Шел се слушаа изминатите години, посебно поврзани со нашата земја. Веста за купување на компанија во Хрватска ја покажа сериозноста на Корал за влез во регионот. Минатиот месец Корал купи 75% од акциите од хрватската компанијата АПИОС и стана сопственик на 26 бензински станици во Хрватска. Со ова само се покажа дека регионот е од интерес за овој светски бренд, кој за сега е видлив само во Србија со пет бензински станици.

По Хрватска, големи се очекувањата и за Северна Македонија. Кај нас веќе е отворена компанија Корал Фуелс ДООЕЛ со менаџери од Грција кои ќе бидат одговорни за оперативните зафати. Како што дознаваме веќе имаат сопствена бензинска станица на излез од земјава кон Грција, а планот е допрва да ја шират својата мрежа.

Што значи доаѓањето на голем бренд во која било земја посебно во нафтениот бизнис? Воведување поголеми стандарди во поглед на квалитетот на горивата, нешто за што постојано има дискусии во нашата јавност. Зголемување на конкуренцијата, значи поголем натпревар на пазарот што многу не е сменет изминативе години. Светските брендови не ставаат на мапата на Шел исто така, тоа значи дека сме пазар што може да ги задоволи и нивните критериуми.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина