02 Мај, 2024
0.0279

Шекеринска: Опозициски политичар кој најмногу го ценев беше Ставрески, затоа и најмногу се разочарав

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

И вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска објави ПР видео на кое одговара на 30 кратки и интересни прашања. 

Ова следува откако такви видеа објавија течничкиот премиер Оливер Спасовски, кој досега беше министер за внатрешни работи, како и поранешната министерка за труд, а сега вицепремиерка за економски прашања, Мила Царовска. 

Интересни нешта открива видеото со Шекеринска. Од него, на пример, се дознава дека таа најчесто разговара со Лидија Јанчовска- Христова, портпаролка на Министерството, со кое токму што го заврши разговорот кога стартува снимањето.

Таа не може да живее без предизвик, вели, а во три збора би се опишала како брза, упорна и мултитаскинг. Најмногу ја плаши смртта. Од убавите нешта, сопругот Бобо и ќерката Ада се нејзиниот извор на енергија, а кохга има слободно време - игра меморија со ќерката и секогаш губи. 

Жена на која намјногу и се восхитува е Елизабета Прва, а десерт без кој не може да живее, е бајадерата. 

Има и едно прашање кое вообичаено им се поставува не жените политичарки, а најмногу ја нервира, а тоа е - каков стил тие имаат. Чувтвото да се биде министерка во Министерството за одбрана е убаво, после толку министри, вели Шекеринска, една министерка да ја внесе земјата во НАТО. 

Тоа што секој ден мора да носи одлуки е и „најкул“, но во исто време и најтешко во нејзината работа. 

Кој ти е најомилен спомен од детството, ја прашуваат, а таа одговара - во седмо одделение на екскурзија паднав во Плитвичките езера, за жал на некои, се спасив. 

Најдобриот совет што го добила е - тоа што ќе го сработиш, никој не може да ти го одземе, а најважниот совет што и го дала на ќерката е - никогаш да не се откажува.

Со кој филмски лик би сакала да оди на вечера - Hansol од Star Wars, одговара министерката. Последен филм што ја расплакал е „The Hate U Give“, а последен филм што ја насмеал до солзи е „The Hangover“.

Кога за неа би се снимал филм, Радмила Шекеринска би сакала да ја глуми филмската дива Julianne Moore. Насловот на нејзината автобиографија би бил „Во еден здив“.

Нејзиниот скриен талент е, како што вели, царица за асоцијалции. Омилената приказна на нејзината ќерка е - си биле бели и црни, две мачиња близнаци. Да може да избере друга кариера, би била учителка.

„Со која твоја мерка како министерка си најгорда - членството во НАТО, со која мерка на Владата си најгорда - зголемување на минималната плата за 58 проценти, има ли нешто во овие две и пол години што сакаше да го направиш, а немаше можност - да воведам еколошко греење на сите касарни“, одговара министерката. 

И за разлика од Спасовски и Царовска за кои омилен политичар од опозицијата е Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци, изборот на Шекеринска за опозициски политичар кого најмногу го цени, е Зоран Ставрески, поранешниот догогодишен министер за финансии од ВМРО-ДПМНЕ. 

„Затоа и најмногу се разочарав“, вели министерката за него. 

Нејзина најлоша навика е што се нервира, а најдобра - што продолжува понатаму. 

И за крај - која е најважната лекција која ја има научено во нејзината кариера, таа одговара „И кога се изгледа неверојатно, со многу ентузијазам, добар тим и уште повеќе работа, чудата се возможни“.  

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање