08 Мај, 2024
0.0268

Шекеринска: Од секогаш имало интерес за странските мисии, особено со дополнителните 500 до 700 евра

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, вели дека интересот за македонските професионални војници за учество во НАТО-мисиите од секогаш бил голоем, особено по зголемувањето на надоместоците.

- Членството во НАТО не дефинира повисоки обврски, но ние во нашиот буџет обезбедивме финансиски средства и за зголемување на нашето учество во меѓународни операции.  Учеството во меѓународни операции е најдобра шанса да градиме поголеми капацитети и да се држи во готовност нашата Армија. Исто така, мисиите се шанса за припадниците на Армијата да напредуваат и професионално но и финансиски. Во Армијата секогаш има висок интерес за учество во операции во странство, особено од минатата година кога ги зголемивме надоместоците за учество за дополнителни 500 до 700 евра за војниците и подофицерите, одговара вицепремиерката на прашање од интервјуто за „Порталб“.

Таа додава дека Македонија во 2007 годинатрошела 2,17 проценти од БДП за армијата, во меѓувреме паднал на 0,9 проценти , за сега тој да биде 1,4 проценти со тенденција секоја година да се зголемува за 0,2 процентни поени.

- Платите на сите воени лица во армијата веќе се зголемија 16 проценти, а од март месец, со исплатата на станарината ќе се зголемат уште повеќе. На пример професионален војник кој во минатиот период земал 20.000 денари плата, од март заедно со надоместот за станарина ќе зема над 30.000 денари што е зголемување повисоко од 50 проценти! Во делот на цивилните лица во Армијата кои долги години имале срамно ниски плати, кај нив со Законот за служба зголемувањето на платите е над 25 проценти, ги коментира Шекеринска платите во АРМ.



Можеби ќе ве интересира

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач