17 Мај, 2024
0.0296

Шефот на ЦИА открива како ги надмудрила Исламска држава!

Објавено во: Свет 16 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Директорот на американската ЦИА Џон Бренан открива дека имале информации оти Исламска држава планира терористички напади неколку дена пред страшниот масакр во Париз.

Централната разузнавачка агенција и нејзините партнери биле свесни за тоа дека ИД организира тајни активности пред нападот, но нивните обид тоа да го дознаат ги запрело „софистицираното“ користење на енкриптирани комуникации на интернет.

„Знаевме дека свети црвено. Знаевме дека ИД се обидува нешто да изведе, но лицата кои во тоа биле вплеткани ги искористиле најновите достапни начини за комуникација, кои се скриени од нас“, рекол Бренан, кој после нападот на своите агенти им рекол како мора подобро да работат и да спречат повторување на нови напади.

„Мора да работиме подобро. Мора да имаме можности, технички способности, човечки извори. Верувајте ми, разузнавачките агенции запреа небројни напади, терористи кои се преселени од Ирак во Сирија и во Европа. Ги запревме, уапсивме, испитавме благодарение на добрата разузнавачка работа“, рекол и додал дека верува оти Исламска држава се обидува да организира напад и да најде мета во САД.

„Очекувам дека ќе се обидат да постават луѓе, средства или нешто друго што им треба да изведат или поттикнат луѓе да ги изведат тие напади, јасно. Затоа верувам дека нивните обиди се неизбежни. Не мислам дека и нивниот успех е нужно неизбежен“, рекол тој.

Бренан открил и дека редовно се слуша со челникот на руската Сојузна безбедносна служба Александар Бортников и дека ЦИА е во директен контакт со ФСБ.

Главна тема на нивните разговори е информирање на рускиот претседател Владимир Путин за потенцијални судири на американското и руското воздухопловство во Сирија.

Можеби ќе ве интересира

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра