02 Мај, 2024
0.0814

Вучиќ на Путин му подари шарпланинец - чија е оваа раса на кучиња?

Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Српскиот претседател Александар Вучиќ на рускиот колега Владимир Путин при посетата на Белград му го подари шарпланинчето Паша.

Тоа со сигурност ќе си најде посебно место во слободното време и приватниот живот на Путин, бидејќи е познато дека тој е љубител на кучиња.

Неколку државници досега му имаат подарено на Путин кучиња од раси што се симбол на нивните земји. Русинот во многу наврати покажа и докажа дека е страстен обожавател на кучиња кои ги третира со големо внимание.

Но, дали оваа раса е македонска или српска, дилемите ги расчистуваат кинолозите.

„Во Федерацијата за кинологија е дефинирана како двоматична раса, македонска и српска. Нема ништо спорно во тоа што Вучиќ му подари шарпланинец на Путин. Колку е расата наша, толку е и нивна. Шарпланинците кај нас ги има во Овче Поле, на Шар Планина, во Крушево, на Бистра, Маврово. Ние сме ридско - планинска земја, а Србија е повеќе низинска и кај нас овие кучиња ги чуваат стадата“, вели Кирчо Крстевски, претседател на Кинолошко друштво Тумбак од Куманово.

Пред неколку години руски канал снимаше документарен филм во Куманово и околината за оваа раса на кучиња. Во овој документарен филм за расата говореше братот на Кирчо Крстевски, Владимир Крстевски сега веќе покоен. Тој за оваа раса има напишано книга „Македонскиот горостас Шарпалинец“ издадена на три јазици, англиски, македонски и српско - хрватски јазик.

Интересно за рускиот документарен филм е тоа што водителот тргнува од Кратово, за кој кажува дека е стар град, и напоменува дека Александар Велики бил Македонец, како и браќата Кирил и Методи. Така ја почнува приказната за Македонија, и за шарпланинците. Во документарниот може да се видат и македонски села, но и народни носии. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад