СЕП го испрати Бујар Османи
Објавено во: Македонија 27 Август, 2020
Секретаријатот за европски прашања имаше проштална средба со Бујар Османи, кој беше на чело на оваа институција како владин функционер, а сега заминува во Министерството за надворешни работи како шеф на македонската дипломатија и практично ќе си ги заменат местата со Никола Димитров.
„Морам да признаам, кога стапив на чело на СЕП навистина немав толку многу надеж и оптимизам. Но сега, кога ќе погледнам наназад - резултатите ги надминуваат очекувањата што ги имав на почетокот.
Никогаш не сте ги постигнале успесите сами, тие се производ на тимска работа, посветеност и многу напор. Имавме неверојатен мандат со историски резултати со кои сме горди и за што заслужувате секоја пофалба.
Ова не е збогум. Продолжуваме на различни патишта до крајната цел - полноправно членство во Европската унија!
Ви благодарам“, објави Османи при своето заминување.
Предлогот за новиот состав на Влада е закажан на собраниската седница в сабота, а се очекува предлогот да биде изгласан следната недела.