16 Мај, 2024
0.0278

Секој понеделник ќе ви биде успешен со овие 8 постапки

Објавено во: Економија 02 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Колку и да ја сакаме својата работа, повеќето од нас не ги сакаат понеделниците, но овој ден е особено важен за продуктивноста во текот на целата недела, а повеќето успешни луѓе имаат сличен модел на однесување токму во понеделник.

Одговорните и посветени лица, особено на високи и одлучувачки позиции се свесни што ги чека на работното место по два дена викенд, па освен важноста да го подигнат духот и енергетскиот биланс, тие се придржуваат и до одредени модели што им овозможуваат врвни деловни резултати.

Се будат рано. Успешните деловни луѓе во недела навечер порано легнуваат за да можат солидно да се одморат и да го стартуваат понеделникот полни со енергија. Одложувањето на алармот никогаш не е добра опција J

Вежбаат. Вежбањето во утринските часови е најдобар начин да се поттикне циркулацијата, лачењето на ендорфинот, се подигнува расположението што е исклучително важно за почеток на напорна работна недела.

Појадуваат здраво. Позитивните нутритивни практики се важни за  успешен работен ден. Поради тоа тие појадуваат здраво, знаејќи дека со прескокнување на најважниот оброк во денот го компромитираат своето добро општо здравје и физичка благосостојба.

Порано доаѓаат на работа. Успешните деловни луѓе и натаму го следат верувањето дека оној што станува рано е секогаш во добивка. Ако стигнете порано, ќе имате повеќе време за добра подготовка, решавање на останатите обврски што се провлекуваат и доволно време за важните нешта.

Секогаш се подготвени на неочекувани обврски. Иако е важно секогаш да се предвидува позитивен резултат од проектите, посветените деловни луѓе се свесни дека по два неработни дена сешто може да се случи, па тие се подготвени дека во понеделник наутро ги чека изненадување и општ неред.

Знаат дека постои и вторник.  Да и тоа е важно J Во деловниот хаос лесно е да се поверува дека светот ќе пропадне ако одреден проблем не се реши уште веднаш. Но, кога ќе слегне прашината најчесто се воочува дека некои нешта навистина можеле да причекаат до втоник.

Ги одбираат најдобрите опции што ќе ја унапредат работата на целиот тим. Во овој контекст, успешните деловни луѓе секогаш се грижат да овозможат интегрирани решенија и услуги за да можат на својот тим да му обезбедат поголема слобода и продуктивност. 

Едно од таквите паметни интегрирани решенија што  поволно влијаат на условите за работа и деловното опкружување, но и на резултатите е Magenta 1Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди пристап до информации од каде било, документи на Cloud, интернет за во канцеларија, но и во движење, неограничена комуникација, безбедност, факс услуги без употреба на хартија и многу други придобивки.

Проценуваат што и колку добиваат. Добрите решенија како Magenta 1Business пакетот ја подигнуваат работната продуктивност, но и способноста за управување на работата на конструктивен начин, со минимум потрошено време и максимум придобивки.

Деловните корисници на Magenta 1Business пакетот добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Дополнително, можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата  MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред.

Повеќе информации за Magenta 1Business побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници, на 120 или во најблиската Телеком продавница.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка