СЕГА Е ПОЛОШО ОД СВЕТСКАТА КРИЗА ВО 2009: Шпанија тоне во рецесија
Објавено во: Економија, Корона Вирус 09 Јуни, 2020
Сериозни економски проблеми има Шпанија, затоа што земјата влегува во трипати подлабока рецесија од онаа во 2009 година.
Централната банка објави дека домашниот бруто-производ на Шпанија се очекува да падне помеѓу 9 и 11,6 проценти годинава.
Економијата претходно се намали 3,7 проценти за време на светската финансиска криза во 2009 година.
Централната банка на Шпанија очекува економското закрепнување да почне во втората половина на 2020 година, при што БДП, најверојатно, ќе скокне од 7,7 до 9,1 проценти во 2021 година.
Но, и САД е во рецесија.Економија е во рецесија, објави економска истражувачка група.