12 Мај, 2024
0.1409

Се топат акциите во САД, трпи и Азија - Мала криза или невоља во најава?

Објавено во: Финансии 06 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Њујоршките берзи се соочуваат со топење на вредноста на пазарот на акции и главните индекси бележат големи падови, нешто што се нема случено од 2011 година, па многумина веќе се запрашуваат дали на повидок е нова финансиска криза која може да ги урне светските пазари. Првите знаци на тревога веќе се кренати бидејќи негативните последици на Вол Стрит се пренесоа и во Азија каде исто така пазарите на капатал трпат загуби и пад на вредноста на акциите. 

Јапонскиот берзански индекс Никеи 255 падна за 7.1 проценти со 21,087.71 индексни поени, Ханг Шенг индексот на берзата од Хонг Конг падна 5%, австралискиот берзански индекс S&P ASX 200 падна за 3,4%, индексот Kospi од Јужна Кореја бележи пад од 2,4%, а најмал пад има кај Shanghai Composite index за 2,2 %. 

Dow Jones индустрискиот индекс на САД по долго време на искачување сега падна на историски најниско ниво во последните шест години.

Во САД засега се прават првични анализи кои велат дека останатите сегменти на економијата се во здрава кондиција па така се уште нема простор за паника и црни прогнози како тие во 2008 година, односно дека платите се стабилни, личната потрошувачка постојано се подобрува, а истото важи и за инвестициите, па така најверојатно се работи за привремено „топење“ на берзите. 

Американскиот претседател Доналд Трамп во изминатите месеци од уста не го вадеше пазарот на акции и постојано се фалеше колку многу скокнала вредноста откако тој победи на изборите ветувајќи фантастична 2018 година, но сега кога индексите почнаа да паѓаат и економијата е доведена во ризик него никаде го нема да искоментира на Твитер и да ја презеде одговорноста.

Според проценките на американските аналитичари пакетот на даночни реформи кој го донесе администрацијата на Трамп своите поволности ќе ги даде кон крајот на оваа и почетокот на следната година, додека пак за 2020 предвидуваат мала рецесија на американската економија. 

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

Повеќе од три милиони клиенти, двојно поголем биланс и една милијарда евра добивка до 2030 година

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ТВРДОГЛАВИОТ ДОЛАР ИМ ЈА „КРАДЕ“ ЗАРАБОТКАТА НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ: еве зошто останува „омилена“ валута

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

КИНЕСКИ АМАЗОН ДОСТАПЕН ВО СРБИЈА: Се е со багателни цени

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ТУРИСТИТЕ ЗБЕСНАА ЗАРАДИ ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА: Бараат луди суми само за кревет, многумина поради тоа веќе ги откажаа одморите!

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

ЌЕ РАСТАТ ПЛАТИТЕ НА ХРВАТСКИТЕ МИНИСТРИ - еве колкави се и во другите земји

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

СЕ ПОВЕЌЕ ЛУЃЕ ГИ КОРИСТАТ КАРТИЧКИТЕ И ЗА СТАВАЊЕ ПАРИ НА СМЕТКА – расте учеството на пластиката во секојдневните активности на граѓаните

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

ЗА ЕДНА ГОДИНА СЕ ДУПЛИРАЛ БРОЈОТ НА МИЛИЈАРДЕРИ ВО СВЕТОТ НА КРИПТОВАЛУТИТЕ: Најбогатите одат во затвор

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди

КАКО ПРОПАДНА БОИНГ! Градеа репутација со децении, а потоа им дојде овој авион! Кошмарот продолжува, загуби во милијарди