11 Мај, 2024
0.0233

Се повеќе куќи без телевизор

Објавено во: Стил 08 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Расте бројот на Американци кои престануваат да плаќаат за кабелска или сателитска телевизија. Но она што дополнително зачудува, расте бројот и на оние кои воопшто немаат телевизор, покажува истражувањето на „Nielsen Co“. Се повеќе луѓе гледаат телевизија онлајн или на паметните телефони. Тие немаат ништо против да ги гледаат омилените серии малку подоцна, кога ќе излезат онлајн, посочуваат од „Nielsen Co“. „Куќа без телевизор" е последната мода во земјата. Во моментов во САД имаат 5 милиони вакви домови, во споредба со 2 милиони во 2007 година. Над 130 ТВ канали во САД веќе емитуваат програма за мобилни уреди, но не сите луѓе можат да го прифатат трендот да гледаат телевизија на телефон. Луѓето без телевизор се претежно млади, неженети и без деца. 43-годишната Синтија Фелпс вели дека не и треба конвенционалната телевизија. Каналите со 24-часовни вести за неа се стресни, не се интересирала за новите серии на „Mad man“ и долго време не знаела кои се сестрите Кардашијан.