19 Мај, 2024
0.0278

Се отвори најголемата фабрика за ориз во Кочани – Левидиагро

Објавено во: Мои пари 03 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Отворена е најголемата фабрика за ориз во Кочани. Станува збор за браунфилд (brownfiled) инвестиција на компанијата Левидиагро, инвестиција од Република Турција со почетен капитал од 4 милиони евра. Компанијата каде ќе бидат директно и индиректно вработени над 100 лица, е најголем капацитет за производство на ориз во земјава. Фабриката е сместена во старите простории на Жито Ориз Кочани и поседува најсовремена технологија за производство на ориз со годишен капацитет од околу 30 илјади тони.

Sopstvenikot na Levidiagro - Ali Sozer na otvoranje na fabrikata

„Македонскиот ориз има висок квалитет. Свесни сме за потенцијалот и инвестицијата е насочена за развој на оваа земјоделска гранка во Македонија. Со производниот капацитет покрај што ќе го снабдиме домашниот пазар со висококвалитетен ориз, уште и ќе ни овозможи да одговориме на потребите на европските пазари. Левидиагро се обидува да воспостави нови односи со земјоделците. Тука е нашата финансиска поддршка за земјоделските задруги и за нивно непречено функционирање. Вложивме средства во сопствена лабораторија за проверка на квалитетот на оризот, а наскоро започнуваме соработка со Институтот за земјоделство за заеднички контроли на квалитетот”, изјави генералниот менаџер на Левидиагро, Али Созер.

Компанијата во моментов се обидува да најде адекватна земја од 100 хектари што ќе се користи за производство на семе со што иницијална инвестиција ќе се зголеми за 600 илјади евра, а бројката на директни вработувања ќе се зголеми за нови 50.

Ambasadorot na Turcija vo RM na otvoranje na fabrikata vo Kocani

„Имаме намера да го развиеме целосно овој сегмент, каде има недостаток од едукација и делови кои може да се подобрат. На пример голем е бројот на земјоделци кои не користат сертифицирано семе за садење. Идејата е да создадеме македонско семе и целосно да го замениме сегашниот увоз на семенски материјал. Во исто време да развиеме целосна програма за производство на леќа, наут, грав и слични производи кои имаат сличен технолошки процес на производство како оризот. Ова ќе значи развој на оваа гранка на сосема друго ниво”, објаснува Али Созер.

Ова е најсовремена фабрика во Македонија којашто работи според  регулативите на Европската унија за преработка на ориз. Во фаза на финализација се договори за извоз на македонскиот ориз во Србија, Косово, Албанија и Турција.

Sopstvenicite i premierot na otvoranje na fabrikata Levidiagro vo Kocani 2

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО