16 Мај, 2024
0.0307

Се огласи и Виз ер: Што велат од авиокомпанијата за летовите од Македонија

Објавено во: Економија 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Компанијата Виз ер која е актуелна поради тоа што суспендира дестинации од аеродромите во Макеоднија откако Министерството за транспорт и врски ја прекина постапката за доделување финансиска поддршка за авиопревозници на која тие беа единствен понудувач достави одговори на прашањата кои Фактор ги испрати во петокот. Прашавме дали ќе се пријават на новиот оглас на Министерството за транспорт и врски, дали ќе летаат на сите дестинации и како го коменираат прекинот на постапката. Во одговорот нема конкретни одговори, но тврдат дека се псоветени на постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите в Скопје и Охрид.

"Во последните 7 години, кога прв пат почнавме да работиме во Македонија, па се до денес Wizz Air е водечка авиокомпанија во државата. Компанијата со постојано инвестирање во локалните операции и со обезбедување на поволни можности за патниците ја стекна довербата и лојалноста на повеќе од 4,6 милиони патници, транспортирани од 2011 година од целата земја. Нашата македонска флота во Скопје се состои од 2 Airbus 321 и 2 Airbus A320, што значи инвестиција од над 430 милиони долари. Оваа година локалниот тим на WIZZ во Македонија порасна на повеќе од 140 локални членови и според индустриските стандарди, операциите на WIZZ отворија повеќе од 900 индиректни работни места во 2017 година, стои во одговорот.

Додаваат дека Wizz Air ја нагласува својата посветеност на македонските корисници преку постојано проширување на својата мрежа со ниски цени и создавање на повеќе достапни туристички патувања од аеродромите во Скопје и Охрид. 

„Wizz Air во моментов нуди 30 рути до 14 земји со капацитет од 1,6 милиони седишта, остварени во продажба во 2018 година, што претставува раст од 23% во споредба со 2017 година. Оваа година авиокомпанијата го зголеми капацитетот на своите седишта со замена на 2 Airbus A320 авиони од локалната флота со два нови Airbus A321 и најави една нова рута од Охрид до Виена, која започнува во ноември.”, стои во одговорот.


Можеби ќе ве интересира

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор

„ЗА МАКЕДОНИЈА НАЈДОБРО Е ДА ГО ПРЕЗЕМЕ ГЕРМАНСКИОТ СЛУЧАЈ“: искрено и во негов стил, Бранко Азески во „Бизнис Муабети“ на Фактор