30 Април, 2024
0.0290

Се гордееше со проектите за патишта и најави продолжување: Горан Сугарески нема да биде министер за транспорт, каде ќе оди, рано е да се каже

Објавено во: Македонија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Се гордееше со инвестициските проекти што ги спровела Владата во областа на патната инфраструктура.

Пред три дена напиша и дека Владата ќе продолжи со овие вложувања, што ќе им обезбедат подобри услови за живот на граѓаните.

Но, Горан Сугарески веќе нема да раководи со ресорот за транспорт, бидејќи на негово место ќе седне досегашниот штипски градоначалник, Благој Бочварски.  

Фактор исконтактира телефонски со Горан Сугарески, кој ни кажа дека вчера на Извршниот одбор на СДСМ се заблагодарил на укажаната чест за досегашното водење на ресорот за транспорт и врски и најавил дека ќе продолжи да ги поддржува политиките на неговата партија.

Го прашавме и дали ќе добија некоја друга позиција во државните институции. Тој вели дека се разговара за тоа каде би можел најмногу да придонесе за доброто на државата, но засега е рано било што да се каже.

А еве што пред три дена напиша на фејсбук досегашниот министер за транспорт и врски Горан Сугарески, кој го предводеше овој ресор во претходната Влада на Зоран Заев.

„Министерството за транспорт и врски го работи најзначајниот проект за општините за изградба и санација на преку 450 километри локални улици и патишта. Обезбедивме вкупно 70 милиони евра за сите општини кои ги распределивме преку утврдени критериуми за да може секоја општина да планира проекти во рамките на распределените средства. Веќе завршува првиот тендер за реконструкција на улици и патишта кои се предложени од општините и за кои најголем бенефит имаат граѓаните и локалната економија. Очекувам во наредниот период општините да доставуваат што поголем број на готови проекти за да може Министерството да започне и со нивна реализација за да го подобриме урбаното живеење.
Продолжуваме.......“, напиша Сугарски на својот фејсбук профил.

Денеска на фејсбук профилот на Сугарески нема реакција откако стана јасно дека тој нема да биде член од министерската екипа што ќе седне на Илинденска. 

Сепак, тој ќе ја продолжи кариерата на некое друго место. Дали тоа ќе биде на некоја раководна позиција во некоја друга државна институција или надвор од буџетските јасли, засега не е познато. 

Горан Сугарески, пред да стане министер за транспорт, беше долгогодишен пратеник.

Мандатарот за состав на новата Влада, Зоран Заев, вчера рече дека дел од кадрите си одат и поради тоа што се намалува бројот на министерствата, а можеби дел од нив ќе се најдат и на други позиции во владините и државните институции. 

Фактор правеше интервју со Сугарески кон крајот на минатата година, во кое тој нагласи дека е задоволен од досега сработеното во неговото министерство. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел