16 Мај, 2024
0.0366

СЕ ЕКИПИРА АГЕНЦИЈАТА ШТО ТРЕБА ДА ЈА СЛЕДИ ПРИМЕНАТА НА АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК - 13 нови вработувања, ќе има и советници за превод и за лекторирање

Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Се доекипира Агенцијата за примена на јазикот на земјава. Оваа нова институција планира да прими нови 13 вработени.

Огласите се објавени на веб страната на Агенцијата за администрација, како и во неколку дневни весници.

Еве кои кадри и се потребни на на Агенцијата за употреба на јазикот.

Се бара раководител на Оддлението за информатичка технологија, кој ќе зема плата од 30.560 денари.

Во оваа Агенција ќе има и едно интересно работно место, а тоа е ни помалку ни повеќе туку Советник за превод, кој ќе зема 27.017 денари плата. Исто така, ќе има и Советник за лекторирање, кој ќе ја зема истата плата, д 27.017 денари.

Во одделението за поддршка на директорот ќе има и помлад соработник за подготовка на материјали и информации, кој ќе зема 22.026 денари. Истата оваа плата ќе ја зема и помладиот соработник за односи со јавност, за кого е отворен оглас за таа работна позиција.

Износ на плата од 22.026 денари ќе го земаат и тројцата помлади соработници за превод, како и тројцата помлади соработници за лекторирање, но и вишиот соработник за буџет и буџетска контрола, како и помладиот соработник за материјално-финансиско работење,

Агенцијата за примена на јазикот што го зборува најмалку 20 отсто од населението во земјава е нова институција.

Таа се формираше по усвојувањето на последната верзија на Законот за јазици, со кој се прошири употребата на албанскиот јазик во земјава.

Нејзина примарна мисија е да обезбеди инститиционална употреба на албанскиот јазик и надзор како оди неговата имплементација.

Или, како што е наведено на нејзината веб страница, Агенцијата за примена на јазикот има мисија да ​​изгради институционална средина која ги почитува уставните и законските обврски, го штити, промовира, зачувува и зајакнува јазичното право на сите граѓани на Република Северна Македонија, преку:изготвување јазични политики и обединување на административната терминологија во соработка со релевантни експерти и институции во и надвор од земјата,обука на преведувачи и лектори во сите институции во земјата,обезбедување и снабдување на софтверот за преведување со зборови и изрази за централни институции, давање правен совет на граѓаните за правото на мајчин јазик,тесна соработка со Инспекторатот за примена на јазикот и со сите релевантни државни институции,советување на Владата и на институциите во надлежност на Агенцијата во врска со усвојувањето и спроведувањето на мерките кои обезбедуваат употреба и еднаков статус на службените јазици,давање препораки до централните и општинските институции за поттикнување, поддршка и обезбедување на долгорочни, одржливи структурни решенија и стимулативна политика за користење на службените јазици во земјава.

Илбер Села е првиот Директор на Агенцијата за примена на јазикот. На оваа позиција дошол по, како што пишува на веб страницата, неговото големо искуство во доменот на цивилното и универзитетско општество.

Со Буџетот на земјава за оваа година на Агенцијата за примена на јазикот и е доделена сума на државни пари од 46 милиони денари, или 750 илјади евра.

Во Буџетот е наведено дека оваа институција има 19 вработени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот

СЕ ОБЕСИЛ ВО ПРИТВОРОТ КАДЕ ИМАЛО УШТЕ ЕДЕН ПРИТВОРЕНИК: Притвореникот кој си ги уби сестрата и внукот во кумановски Габреш си го одзема животот