03 Мај, 2024
0.0446

Сѐ е подготвено за Саемот на мебел 2024 година, од утре започнуваат деновите на големи саемски попусти и одлични понуди – посети го Саемот и „Освежи го својот дом“

Објавено во: Мои пари 19 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Време е за поинакво саемско доживување и одлична можност да го освежите вашиот дом. Од утре, 20 март започнува Саем на мебел и ќе трае до 24 март. Саемот ќе се одржува во комплексот „Борис Трајковски“ со работно време од 10:00 до 20:00 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10:00 до 17:00 часот.

Веќе е сѐ подготвено за Саемот и од утре започнуваат деновите на големи саемски попусти и неверојатни понуди од многу изложувачи со над 70 претставени домашни и меѓународни брендови.

Влезницатаќе чини 150 денари или 250 денари блок влезница за двајца и секој ќе може да си го обезбеди својот влез на билетарата во „Борис Трајковски“. Посетителите ќе имаат можност на едно место да најдат сѐ што им е потребно за да го освежат домот, од едноставен и минималистички мебел до префинети и впечатливи парчиња мебел.

Исто така, секој ќе може да ја искористи ексклузивната можност да добие бесплатен, професионален совет, затоа што архитектонското студио Archx ќе биде дел од Саемот и нивните архитекти на посетителите ќе им дадат соодветни решенија за опремување и дизајн на домот, ќе споделат совети за комбинирање на различни бои и материјали, насоки за максимално да го искористат нивниот простор со мебел со идеални димензии.

Комерцијална банка АД Скопје повторно ќе биде партнер на Саемот на мебел и ќе има свој штанд, на кој ќе ја претстави специјалната понудата на кредитни производи и картички и ќе им ја понуди потребната поддршка на посетителите на Саемот за лесно и едноставно да го обезбедат посакуваното парче мебел.

Од утре па до 24 март, Саем ќе понуди голем избор на мебел, поволни цени, совети за уредување и финансиска поддршка, затоа посети го Саем на мебел 2024 и „Освежи го својот дом“.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година