29 Април, 2024
0.0308

СЕ ДОЗНА ЗОШТО СЕ ПРОДАДОА АКЦИИ ПО ЦЕНА МНОГУ ПОНИСКА ОД РЕДОВНАТА - подарок во рамки на семејство, ова се мотивите

Објавено во: Финансии 21 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Откако Фактор пишуваше за завчерашната блок трансакција во која поминаа 2.000 акции на Комерцијална банка по цена многу пониска од просечната по која редовно се тргува на Берзата, односно по 12.700 денари за акција, наместо по 16.500 денари која се смета за некој просек по кој се тргуваат тие акции во овој период, а за што го поставивме прашањето кој доби специјален попуст, денеска се откриваат деталите што точно се случило.

Според информациите на Фактор, всушност станува збор за давање на овие акции како еден вид на подарок во рамките на едно исто семејство, а се прави реална трансакција на берзата како продажба на акции, но по многу пониска цена, се со цел да се избегне плаќањето на значајна сума на данок на капитална добивка.

Нашите извори објаснуваат дека сето ова било во рамките на законските правила, кои дозволувале акциите да се продадат и по цена до 20 проценти пониска од просечната, иако, како што велат, е проблематично од етичка природа.

„Данокот на капиталната добивка е 10 отсто кои се плаќаат на разликата во цената по која се купени и продадени акциите. На пример, ако акциите се купени во минатото по цена од 5.000 денари, а сега е цената 16.500, разликата однсно капиталната добивка би била 11.500 денари, или 10 отсто е 1.150 денари да се плати данок на капитална добивка за само една акција, а што е многу повеќе за поголема количина акции, па затоа членови на одредени семејства сакаат да го избегнат плаќањето на таа сума на капитална добивка“, објаснуваат нашите соговорници.

Додаваат дека ова често во минатото го правеле и одредени газди на некои компании, кои се вработени во нив, па купувале и продавале акции на тој начин, со цел да се избегне плаќањето на капиталните добивки.

Нашите извори повторуваат дека на тој начин не се прекршени законите, но е спорен етичкиот момент. 

Како што вчера пишуваше Фактор, на една од блок трансакциите со акциите на Комерцијална, на однапред познат купувач му беа продадени вкупно 2.000 акции, што е значајно повеќе од претходните пакети кои поминуваат на берзата.

Тој купувач ќе платеше многу повеќе пари доколу ги купеше акциите по кои тие редовно се продаваат на берзата, или околу 16.500 денари овие денови, но истиот тој купувач ги плати акциите по цена неверојатно пониска од вообичаената, а таа е 12.700 денари за акција.

Инаку, вчера на берзата помина уште една помала блок трансакција со акциите на Комерцијална, при што беа продадени 500 акции, по цена од 16.400 денари за акција, која е всушност колку и просечната, 16.391 денар по која затвори тргувањето на вчерашниот редовен берзански пазар.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?