17 Мај, 2024
0.0275

Се бара решение за депонијата Вардариште, чад и смрдеа ги трујат Скопјани

Објавено во: Мои пари 21 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Мирис на чад и запалена гума на старата депонија Вардариште секојдневно ги трујат жителите на Аеродром и Ново Лисиче од едната и оние од Маџари и Хиподром на другата страна од Вардар. Жителите реагираат дека надлежните не преземаат ништо за средување на овој проблем кој се тегне со години и ескалира во летниот период. И преку блогот Вардариште каде се поставени сликите од она што се случува во депонијата, бараат да се стави крај на проблемот. На новинарско прашање денеска градоначалникот на Скопје Коце Трајановски најави дека се планира изготвување на студија за старата депонија, по што ќе се размислува за нејзино санирање. „Вардариште е стара депонија. Градот Скопје многу брзо за десетина дена ќе објави тендер за изработка на студија за ревитализација на депонијата, заради тоа што знаеме таму има огромна количина на смет. Исто така има гасови за кои треба да настане одгасување. Ова во еден догледен период ќе биде пречка, така што после оваа студија ние ќе знаеме што треба да правиме со Вардариште“, изјави Трајановски. Според ветувањата на надлежните кои се повторуваат цела деценија, старата депонија треба да се претвори во зелена површина. Но освен ветувања, жителите на овој дел од Скопје не добиваат ништо друго.

Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак