16 Мај, 2024
0.2526

Сити галери и Метропол добиваат нов барокен лик, кој ќе ги гради?

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Градските власти деновиве ја избраа фирмата која што ќе треба да ги изработи  основните проекти со вклучена ревизија за реконструкција и доградба на постојните објекти Сити Галери и Стар Метропол. Градот Скопје потпиша договор во вредност од нешто повеќе од 16.000 евра со  Друштвото за проектирање, градежно занаетчиски работи, трговија и услуги “Инком инженеринг” од Скопје. Фирмата е должна во рок од четери месеци  да ги изврши сите архитектонски, инженерски и интегрални услуги, уредување на земјиштето, анализи и испитувања. Фасадите на двата објекти ќе бидат реконструирани и доградени во согласнот со избраното идејно решение кое беше избрано минатата година.Тогаш од тен­дер­ска­та ко­ми­си­ја из­ја­ви­ја де­ка еден од пред­ло­зи­те во из­бра­но­то идеј­но ре­ше­ние, кое пред­ви­ду­ва не­ок­ла­сич­на фа­са­да за згра­да­та на „Си­ти га­ле­ри“, е и те­ра­са со ба­рок­ни еле­мен­ти. Ва­ква­та те­ра­са е пред­ви­де­но да би­де на при­зем­је­то од згра­да­та и да има двој­на функ­ци­ја, од ед­на стра­на естет­ски да го раз­у­ба­ви об­је­ктот, а, од дру­га стра­на, да има и функ­ци­о­на­лен ка­ра­ктер. - Ова е фор­ма­лен пред­лог во из­бра­но­то идеј­но ре­ше­ние. Се­га, отка­ко се из­бра ре­ше­ние не са­мо за „Си­ти га­ле­ри“, ту­ку и за об­је­ктот на „Ме­тро­пол“, сле­ду­ва изра­бо­тка на ос­нов­ни­от про­ект. Мо­ра да с­по­ме­нам де­ка по изра­бо­тка­та на ос­нов­ни­от про­ект за ре­кон­струк­ци­ја на фа­са­ди­те, точ­но ќе се знае што и ка­ко ќе мо­же да се на­пра­ви. Пред­ло­же­но е те­ра­са­та да би­де на при­зем­је­то и на тој на­чин ќе има еден по­кри­ен дел, од­нос­но па­саж, па ко­га гра­ѓа­ни­те ќе ше­та­ат, на при­мер, по дожд­ли­во вре­ме, ќе има­ат про­стор ка­де да се за­сол­нат и на тој на­чин се до­би­ва на ква­ли­тет, што, всуш­ност, е и иде­ја­та на ре­ше­ни­е­то. Во од­нос на сти­лот, се ра­бо­ти за ек­ле­кти­ци­зам, од­нос­но упо­тре­ба на по­ве­ќе исто­ри­ски прав­ци, има и еле­мен­ти на ба­рок, но цел­та е да има пе­чат на авто­ри­те – из­ја­ви минатата година  Ван­гел Бо­жи­нов­ски, член на тен­дер­ска­та ко­ми­си­ја. Инаку идеј­но­то ре­ше­ние за згра­да­та на „Ме­тро­пол“ и на „Си­ти га­ле­ри“  пред­ви­ду­ва за­па­зу­ва­ње на не­ок­ла­сич­ни­от стил­ски пра­вец, во која што на­со­ка ве­ќе се ре­кон­стру­и­ра­ат си­те окол­ни згра­ди во стро­ги­от цен­тар на гра­дот.  Се ра­бо­ти за труд на ар­хи­те­кти­те Ла­зар Ди­мов и Ни­ко­ла Ста­ки­нов, кои за изра­бо­тка­та на идеј­но­то ре­ше­ние до­би­ја на­гра­да од 450.000 де­на­ри. Засега визуелните материјали градските власти не ги октриваат. Цел “Мал Ринг” во барок Деталниот урбанистички план Мал Ринг, е речиси единствениот план кој претрпе најмногу промени. Токму и ре­но­ви­ра­ње­то на фа­са­ди­те на об­је­кти­те на пло­шта­дот во ба­ро­кен стил бе­ше пред­ви­де­но и со пос­лед­ни­те из­ме­ни на овој ДУП. Освен фасадите на зградите и деловните објекти, градскиот центар наскоро ќе добие и барокни киосци за продажба на сендвичи и весници. Засега останува непознато колку пари ќе се потрошат од градската каса поединачко за фа­са­ди­те на об­је­кти­те „Ме­тро­пол“ и „Си­ти га­ле­ри“. Реконструкцијата на фасадите во строгиот центар на градот е влезена во тригодишната Програма за развој од 2013 до 2015 година на Град Скопје. Од Градот во Програмата оразложуваат дека новите фасади ќе го направат Скопје попривлечен за туристите. Дел од парите за реконструкциите се преку капитални дотации односно од Владата. Од градската каса оваа година за реконструкција на фасадите ќе се потрошат околу2,3 милиони евра, во 2014 и  2015 година по околу 1,6 милиони евра. Според проценките, досега само за реконструкција на фасадите на три објекти во центарот на градот се потрошени повеќе од еден милион евра. Во текот на овој  ме­сец тре­ба да би­де поз­на­то и идеј­но­то ре­ше­ние за об­но­ва на фа­са­да­та на Град­ски­от тр­гов­ски цен­тар. Првиот обид за избор беше неуспешен, односно се поништи бидејќи беше пристигната само една понуда, со идејно решение за футуристичка фасада. Дали и овој објект ќе мора да се вклопи во амбиентот односно да добие неокласицитичка фасада, ќе се знае до крајот на месецот. Ј.С.Н.  

Можеби ќе ве интересира

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ВРЕДИ СО ТУЖБА ДО УПРАВНИОТ СУД ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА ДИК: и ДУИ најавува за сите седум места каде е поништено гласање

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

„ОБИДОТ ДА СЕ РЕШАТ ДВЕТЕ КЛУЧНИ ПРАШАЊА ВО ЕДЕН МАНДАТ Е ТЕШКА ГРЕШКА“: слушнете го ставот на Бранко Азески во „Бизнис Муабети“

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ПРИБИРА И АНАЛИЗИРА ДОКАЗИ ЗА ПАЛЧО, НО ТИЕ НЕМА ДА СЕ СПОДЕЛАТ СО ЈАВНОСТА - првата ноќ во затворот тој ја поминал мирно

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?

ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ ќе бараат гаранции за уставни измени?