СДСМ: Лидерите на ЕУ преку Туск побараа здрав разум од Ѓорге Иванов
Објавено во: Македонија 04 Април, 2017
Ѓорѓе Иванов да овозможи мирен трансфер на власта, наместо да штити криминалци, бара опозицијата.
Од СДСМ велат дека лидерите и институциите на ЕУ, преку претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск побарале демократски начела, пристојност и здрав разум од Горге Иванов.
„Никој не смее да го кочи заедништвото кое е јасно нагласено и за напредувањето на Македонија кон членството во ЕУ и НАТО.
Интергациите во Европската унија и НАТО се стратешки определби на граѓаните и на Република Македонија.
Реформските процеси се врвен приоритет во Програмата на новата реформска Влада на унитарна Македонија, којашто обезбедува владеење на правото и квалитетен живот во едно општетство за сите граѓани“, потенцираат од партијата на Заев.
Оттаму велат дека нивното парламентарно мнозинство е демократски формирано и преку истото ќе се формира новата реформска Влада.